Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нека дојде Груевски да ги види проблемите на тутунарите

0
By Нова ТВ on December 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 27, 2013 16:14


„Опозицијата има своја обврска да го поддржи народот кога му е тешко. Оваа е циклична година во откупот и продажбата на тутунот, каде што цените се под просечните цени. Се проценува, за една до две класи пониско. Она што е втора класа се цени трета, она што е трета се цени четврта, а четврта класа е 55 денари. Понижувачки се овие цени за тутунарите“, изјави денеска во Прилеп претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

– Да потсетам дека на 28 август, оваа година, при пуштање на пат, овде во прилепскиот регион, премиерот Никола Груевски вети дека просечната цена на тутунот ќе биде 180 денари, а за подобриот тутун ќе биде дури и 200 денари. Денеска просечната цена е 120, 125 денари, најмногу до 135 денари. Народот е изманипулиран од власта.

– И она што се случуваше пред почетокот на откупот, кога беа одржани две три средби со министерот за земјоделство и претставници на Владата со претставниците на откупните пунктови, гледаме денеска што тоа било договорено. За жал, се понижува нашиот македонски народ. Сто илјади граѓани живеат од тутунот. Тие не можат производните трошоци да ги покријат а камоли да ја преживеат целата година. Како ќе ги платат сметките, еве Нова година доаѓа?

– Сакаме да испратиме недвосмислена и јасна порака. Време е Владата на Никола Груевски да помогне. Ние како опозиција сме овде, рамо до рамо со нив, да ги охрабриме, да помогнат во решавањето на овој горлив проблем. Постојат повеќе начини на помагање. Може државата да интервенира со откуп на 2 до 5 милиони килограми тутун. На тој начин ќе го релаксира комплетно пазарот и оваа пазарна дисторзија која што се јавува ќе може да ја избалансира, за да се вратат на нормала, и класите и цените. Или директно, со 30 денари, пола субвенција, дополнително да помогне за колку-толку да се надмине овој проблем.

– Овие денови, насекаде по откупните пунктови, или се враќаат граѓаните од откупувачите или им се кажува да донесат пониски класи, за да не го дигнат просекот. При тоа или банални изговори се во прашање, како на пример дека бил влажен тутунот. Влажна е годината колку лани што беше влажна, а тутунот е за еден степен поквалитетен од ланскиот и количините се зголемени за 1 до 2 милиони. Значи оваа година треба помош директно од Владата.

– Апелираме, без политики и без политички поени. Овде сме, видовме на терен. Треба да дојде и премиерот Груевски, да се симне меѓу народот и да види што се случува. Да се запознае директно со проблемите на тутунарите. Ниту сакаме да дојде до протести, ниту сакаме да се блокираат улици, не дај Боже да дојде до тоа. Ова е нашиот народ. И вреди и мора да му се помогне. Најдобронамерно апелираме да се помогне, да се седне внимателно, да се преземат чекори и да му се помогне на народот.

– Заради тоа што допрва количините на тутун ќе излезат на откупните пунктови, 20-15 проценти досега е откупено, од немај каде граѓаните го носат за да може да си ги платат сметките и колку толку достоинствено да поминат новогодишни празници.

– Мора да се помогне. Испраќам чесна, искрена, граѓанска порака: Премиерот Груевски да му помогне на нашиот народ, на тутунарите, рече Заев на крајот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската поклиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Бугарската поклиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.