Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Венeцијанска комисија потврди: Дескоска на местото на Каракамишева

0
By Нова ТВ on January 24, 2020 ПОЛИТИКА
Рената Дескоска
Рената Дескоска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 24, 2020 11:44

Номинацијата на министерката за правда, Рената Дескоска, за член на Венецијанската комисија е прифатена. Таа ја потврди информацијаta на својот фејсбук профил.

„Денеска е прифатена мојата номинација за член на Венецијанската комисија. Тоа е и потврда дека се исполнети критериумите за членство во комисијата. Благодарам за довербата“, напиша министерката.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција рече дека номинацијата на Дескоска која датира од пред еден месец сама по себе е скандалозна.

„Ако го погледате членот 44 став 2 во законот за антикорупција, ќе видите дека тоа е недозволено и дека има сериозен конфликт помеѓу лице кое што е веќе избрано од страна на Владата или Собранието за да биде после од истата Влада предложено на друга функција. Замислете човек кој себеси се нарекува врвен европски познавач на правото, прави правен фаул за себе“, рече Мицкоски и ја повика Антикорупциска да дејствува по допрен глас.

Дескоска ја прифати фрлената ракавица, па и таа во изјава за медиумите ги повика антикорупционерите да поведат постапка и да се произнесат за случајот.

„Не постои конфликт на интереси бидејќи станува збор за ангажман во странство кој не потпаѓа под одредбата за забрана за вршење две функции, туку станува збор за претставување на земјата во комисија на Советот на Европа. И мојот случај не е единствен“, вели Дескоска, која на ова место ќе го замени досегашниот член, професорката Тања Каракамишева.

Земјите, според неа, што често праќаат закони на мислење до Венецијанската комисија избираат да номинираат за свои претставници министри, заменици министри или државни секретари, доколку истите ги исполнуваат условите, заради подиректна соработка со комисијата и целосна и искрена размена на ставови. Таков е, додава таа, примерот на Црна Гора која за свои претставници ги има министрите за правда и за надворешни работи, Србија чиј претставник е заменик министерот за правда, Романија, Унгарија, итн.

венецијанска Дескоска Каракамишева
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.