Госпоѓо Канческа Милевска, членот 5 од Законот за меморијални споменици и спомен – обележја со којшто се обидувате да се оправдате не може да Ве спаси од одговорност, соопштува СДСМ во врска со реакцијата на министерството за култура на прес конференцијата на Петре Шилегов.
>>СДСМ поднесе кривична пријава против Канческа и Тодоровиќ
– Иницијатива за подигање меморијален споменик и спомен обележје може да поднесе секој, но за ваков тип споменици одлука носи Собранието на РМ.
– Вие сте ја поттикнале општина Центар, тогашниот градоначалник Тодоровиќ и советниците од ВМРО-ДПМНЕ да постапат противзаконски.
– Сите објаснувања, сите вие, за стореното кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на Буџетот на РМ во вредност од над 3,5 милијарди денари или повеќе од 58 милиони евра подготвувајте ги за надлежните судски органи, соопштува СДСМ.
>>Според Министерството за култура најавите за кривични на СДСМ се само лаги
Ова следува по реакцијата на Министерството за култура откако портпаролот на Социјалдемократскиот сојуз, Петре Шилегов соопшти дека неговата партија поднесе кривични пријави против министерката Канческа-Милевска, поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ и претходните советници на ВМРО ДПМНЕ во Центар.
– Сакаме да информираме дека согласно Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја во член 5 јасно и децидно стои кој може да поднесе иницијатива за подигање меморијален споменик и спомен обележје, а тоа се сите физички лица и правни лица. Под физички лица се подразбираат сите граѓани на РМ, а под правни лица сите правни субјекти во РМ (државни институции, установи, здруженија на граѓани, трговски друштва и тн). Значи согласно Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја секој може да поднесе иницијатива за подигање на меморијален споменик и спомен-обележје, соопштува од Министерството за култура.




