Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството испитува кривична одговорност кај Вангеловски за чување предмети

0
By Нова ТВ on January 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 24, 2020 15:45

Јавното обвинителство во предистражна постапка испитува кривична одговорност кај поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, за чување судски предмети во фиока стари со години, за што првично информираше Нова ТВ.

Според информациите на СДК, кај него се затекнати 57 одамна завршени, како и непотпишани предмети поради кои странките претрпеле штета во однос на разумен рок на судењата, како и за неостварување на нивните права со чувањето на нивните предмети во фиока.

Се испитуваат и причините зошто на пример четворица врховни судии од петчлениот кривичен совет ставиле потписи на заглавените предмети, а еден не и кои се тие врховни судии што блокирале. Јавното обвинителство бара евентуална одговорност и кај административната служба за непостапување по фатените предмети во канцеларијата на Вангеловски. Меѓу тие предмети има и такви од 2015, 2016 и 2017 година. Има и од 2018 и 2019. Оштетените странки ќе имаат право на отштета.

Деновиве претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, потврди дека судски предмети се чувале во фиоките на Вангеловски и дека за тоа го известил Основното јавно Обвинителство. Во врска со предметите, тој рече дека на странките им се повредени правата на итно постапување, односно постапување во согласност со принципот за судење во разумен рок.

Вршителот на должност претседател на Врховниот суд, Фаик Арслани, зборуваше за бројка од триесетина стари предмети кои биле затечени во кабинетот во моментот на примо-предавање на функцијата. Дел од предмети биле со донесени одлуки, делумно потпишани од судиите, а делумно не.

„Таквата состојба ја изнесов на Кривичен одел, а потоа и на Кривичен совет и секој предмет одделно го разгледавме и донесовме соодветни одлуки што да се направи, бидејќи таквите предмети не можеа да се верифицираат поради тоа што беше поминато подолго време“, појасни Арслани.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.