Агенцијата “Рејтинг“, спроведе телефонска анкета за потребите на општината Центар, од 20 до 23 декември оваа година, врз репрезентативен примерок од 850 граѓани од полнолетното население на територијата на општината.
Проектот Скопје 2014 денеска, за разлика од март оваа година, го одобруваат значително помал процент граѓани. На прашањето: „Земено во целост, дали го одобрувате проектот Скопје 2014?“, 39,7% проценти рекле дека го одобруваат, а 58,1% рекле дека не го одобруваат.
Овој резултат претставува намалување на поддршката за проектот за цели 8 процентни поени во споредба со март оваа година, кога на истото прашање 47,9% од граѓаните рекле дека го одобруваат проектот наспроти 51,5% кои тогаш не го одобрувале.
Ревизијата на проектот „Скопје2014“ што ја спроведе градоначалникот Жерновски 60, 6 проценти ја одобруваат, а 20, 7 проценти не. 30,7 проценти од испитаниците целосно ја одобруваат. Ревизијата ја одобруваат и високи 90 проценти од гласачкото тело на „Сојузот за иднината“ предводен од СДСМ, но и цели 19 проценти од членовите или симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ.
44,7 проценти сметаат дека во процесот на јавни набавки за спомениците за „Скопје 2014“ имало злоупотреби, 15,7 проценти сметаат дека постапките се во согласност со законите , а 39. 5 проценти од испитаниците не можат да оценат.
Две третини од граѓаните на Центар го поддржуваат градоначалникот Жерновски во намерата да се спречи поставување на барокна фасада на ГТЦ и на други објекти во централното градско подрачје. Така, 67,5% изјавиле дека ја поддржуваат иницијативата на градоначалникот наспроти 24,6% кои се противат. Дури 18% од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат градоначалникот на Центар во оваа негова намера.




