Published: Sunday, December 29, 2013 10:38
Денеска во скопското кафуле „Излет“ ќе биде промовиран хуманитарниот Твитер календар за 2014 година, чија цел е да се испрати позитивна порака за сексуалното здравје и образование.Сакајќи да им помогнат на маргинализираните заедници во општеството, пред објективот на фотографката Ивана Батев застанаа 25 храбри мажи и жени.
Истовремено ќе биде одржана и продажна изложба на фотографиите кои се наоѓаат на календарот, a собраните средства ќе бидат наменети за помош на членовите од маргинализираните заедници.
Првото издание на Твитер календарот беше лани, со мисија да се подигне свеста за навремено откривање на ракот на дојката.




