МВР излезе со официјална информација за инцидентот во кој ноќеска беше нападнат и претепан Артан Садику, програмски директор на Институтот за општествени и хуманистички науки и познат познат граѓански активист.
-На 29.12.2013 година околу 01.15 часот во Скопје на бул. „Партизански Одреди“, од страна на неколку непознати лица извршено е разбојништво над А.С. (30) од Тетово, при што истите физички го нападнале и му одзеле мобилен телефон и паричник во кој имало околу 300 денари. Истиот поради повредите од нападот е пренесен во Ургентен центар Скопје. Се превземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на официјалната Веб страна на МВР.
Последниот јавен настап на Садику беше на дебатниот настан организиран од МОФ – “Аргумент- Овој дом не би гласал за избори”, каде настапи во истиот тим со Јани Макрадули и Владо Бучковски, наспроти Јадранка Костова, Ермира Мехмети и Андреј Жерновски.




