Published: Sunday, December 29, 2013 15:34
Попладнево на Бит-пазар дошло до инцидент, при полициска акција за собирање на петарди, при што еден полицаец полесно е повреден, изјавија за НОВА официјални претставници на МВР.
Инцидентот се случил кога голема група од 200-300 луѓе се спротивставила на полициската акција, при што ги нападнале полицајците го блокирале сосема реонот кај Бит-пазар, со контејнери. Полицијата пукала во воздух, со цел да ја растера групата.
Целиот сообраќај кај Бит-пазар се уште е блокиран, нема приведени, но полицијата работи на расчистување на случајот, изјавуваат од МВР за НОВА.




