Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реагенсите за корона вирус пристигнаа во Институтот за јавно здравје

0
By Менче Атанасова Точи on February 5, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 5, 2020 14:37

Реагенсите за испитување на корона вирус кои беа порачани од Холандија пристигнаа во Институтот за јавно здравје, потврдија за НОВА во оваа институција. Вкупно 500 тестови за одредување на вирусот се ставени на располагање  во случај и во Македонија да се појави сомнителен пациент. Пристигнати се и дополнитени бесплатни тестови од Институтот „Луј Пастер“ во Франција, со кои уште еднаш се контролираат евентуално потврдените позитивни случаи.

На Институтот велат дека со нив точно ќе може да се утврди дали кај некој сомнителен случај е присутен опасниот вирус кој од градот Вухан во Кина се прошири во многу држави во светот. Тоа значи дека материјал за тестирање на сомнителни случаи нема да има потреба да се праќа во лабораторија во странство.

„Само што пристигнаа реагенсите за корона вирус кои ги порачавме пред 10.тина денови од Холандија. Во Европа е многу голема побарувачката за овој вид на реагенси, а ние иако сме мала држава и баравме помала количина од останатите земји во ЕУ, сепак успеавме брзо да ги добиеме. Добивме и бесплатни тестови од Институтот „Луј Пастер“од Париз каде имаме соработка, со кои со сигурност може да се потврди дали е позитивен или не нашиот примерок, тоа е контрола на реагенсите “, изјави за НОВА, Шабан Мемети директор на Институтот за јавно здравје.

Започната е и постапка за набавка на маски и ракавици при евентуална појава на опасниот корона вирус бидејќи во државата ги нема во доволно количини.

„Државата е подготвена за корона вирусот, но количините на заштитна опрема се недоволни. Во процедура е постапка за дополнителна набавка на маски, ракавици, очила, заштитни мантили, се што е потребно за тоа.  Препораките се јасни, да се избегнуваат контакти со луѓе кои имаат такви симптоми, да се мијат раце со сапун и вода“, изјави пред два дена Гордана Кузмановска, член на Комисијата за заразни болести.

Досега во државата нема ниту еден сомнителен случај за корона вирусот.  Во Комисијата за заразни болести смируваат дека во рамките на своите можности државата е подготвена доколку се појават сомнителни случаи или заразени со корона вирус.

Покрај контролата со епидемилошка анкета и термо камерата на скопскиот аеродром, на Клиниката за инфективни болести има простор за изолација со 3-4 болнички соби. Овој изолиран дел од Инфективна клиника има посебен влез, каде што немаат контакт други пациенти или вработени. Со оглед на тоа што таму се кубури со медицински персонал, како и на повеќето клиники тоа сепак може да претставува проблем, посочуваат лекарски извори за НОВА.

Комисијата за заразни болести постојано одржува состаноци и ги следи препораките на СЗО. Сепак, збунува некоординираноста  со министерот Филипче во делот на некои одлуки. Така на пример, министерот пред неколку дена изјави дека додека да стигнат реагенсите материјалите од  евентуалните сомнителни случаи ќе се праќаат на испитување во Ниш, а претходниот ден Комисијата за заразни болести донела одлука тие да се праќаат на испитување во Берлин. Тоа создава забуна.

Инаку, пред три дена македонска државјанка со посредство на амбасадите на нашата држава во Пекинг и Париз, успешно беше евакуирана од кинескиот град Вухан. Засега нејзината здравствена состојба е добра, не постојат симптоми на корона вирусот, соопштија од МНР.

Постапката на евакуацијата била спроведена преку приклучување кон Програмата за евакуација на Франција која организираше специјален лет за своите граѓани што беа во ризичниот регион на Кина.

Пред да го продолжи патот за Македонија, таа во моментот заедно со останатите патници се наоѓа во карантин во траење од 14 дена во помал град на југот на Франција.

Засега таа е единствената која побарала помош од регионот на Вухан. Во МНР информираат дека во моментот во НР Кина легално престојуваат околу 100 наши државјани, а Дипломатското козуларно претставништво е во постојан контакт со нив.

Инаку, билансот на жртвите од смртоносниот вирус во Кина е 490 починати и околу 24.000 заразени од коронавирусот. Сите нови смртни случаи биле пријавени во провинцијата Хубеи, каде што се појави корона  вирусот. Во провинцијата Хубеи и градот Вухан, милиони Кинези имаат забрана да го напуштаат регионот.  Во светот, досега се регистрирани  175 случаи на заразени со коронавирусот.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.