Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна исплатата на повратот на ДДВ за периодот октомври-декември

0
By Нова ТВ on February 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 5, 2020 14:32

Почнува исплатата од „МојДДВ“ за периодот октомври-декември во 2019 година со што на 197.819 граѓани ќе им бидат вратени 238.075.865 милиони денари или 3,871 милиони евра. Ова го соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, која оцени дека мерката дава резултати, дека е популарна меѓу граѓаните и оти се бележи раст на наплата на ДДВ во периодот по нејзина примена.

Мерката „МојДДВ“ се применува од 1 јули лани. Апликацијата за скенирање фискални сметки, до 31 јануари оваа година, е преземена од 236.442 граѓани, скенирани се 66.885.228.000 милијарди фискални сметки со вкупен промет од 32.456.740.434 милијарди денари и вкупен ДДВ од 3.512.292.634 милијарди денари, а повратот од 15 отсто изнесува 526.843.896 милиони денари или 8,567 милиони евра.

Лукаревска рече дека, заклучно со 31 декември 2019 година, се исплатени пари на 147.251 граѓанин во вкупен износ од 157.780.662 милиони денари и додаде дека сè уште е во тек исплатата за првото тримесечие за оние граѓани кои имале грешки и направиле корекција на своите трансакциски сметки.

„На секој граѓанин кој скенирал фискални сметки му следува поврат на ДДВ што ќе го добие на својата трансакциска сметка, рече Лукаревска.

Таа потенцира дека мерката, покрај повратот на ДДВ кај граѓаните, ја исполнува и другата цел – намалување на сивата економија.

„Наплата на ДДВ е остварена во износ од 52 милијарди денари во 2019 година, што е за 5,7 проценти повеќе од остварениот износ во 2018 година кога наплата на ДДВ изнесуваше 49 милијарди денари. По воведувањето на „МојДДВ“, споредено со месеците јули-декември 2019 година со периодот јули-декември 2018 година, покажува зголемување во просек за 11,2 проценти, рече Лукаревска.

Оцени дека преку оваа мерка сме во одлична соработка со граѓаните кои редовно пријавуваат нерегуларности поврзани со неиздавање фискални сметки на линијата 198.

„Пријавувањето е зголемено, така што за неправилности од почетокот на оваа мерка имаме вкупно 1.687 пријави во однос на периодот јули-декември 2018 година кога имало 741 пријава“, рече Лукаревска.

Таа посочи дека во спроведените контроли констатирани се неправилности, како неиздавање фискални сметки, користење компјутерски сметки, непоседување на резервен фискален систем на опрема, како и непоседување и неевидентирање на податоци во книгата за дневен фиснансиски извештај и итна сметководствена книга.

Одговорајќи на новинарско прашање, Лукаревска рече дека УЈП направи контрола во фирмата поврзана со случајот на Лила Филиповска поради трансакцијата од 250.000 евра и дека кога ќе заврши целата постапка ќе соопштат детални информации.

„Во конкретната фирма која што беше поврзувана со конкретното физичко лице, спроведовме контрола токму поради таа трансакција. Исто така, странките беа кај нас на разговор, ни ја објаснија целата ситуација. За подетална информација ќе известиме штом заврши целата постапка“, рече Лукаревска.

Во врска со случајот со инспекторот во УЈП Тетово, кој беше приведен поради примање поткуп, рече дека станува збор за изолиран случај што не е честа појава во општеството.

„Очигледно дека станува збор за изолиран случај кој не е честа појава во општеството. Генерално, во УЈП, максимално сме посветени на транспарентно и законско работење на сите инспектори и даночни контролори. Сепак, секој инспектор си одговара сам за себе колку ги почитува законските одредби и колку ја злоупотребува својата службена должност. Му благодарам на обврзникот што се охрабрил да го пријави ова дејство. Понатаму ќе видиме како ќе се одвива целиот овој процес за инспекторот кој е поранешен управник на Регионалната дирекција-Тетово“, рече Лукаревска.

МојДДВ Поврат Сања Лукаревска УЈП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.