Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новогодишното обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев

0
By Нова ТВ on December 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 30, 2013 12:59


Интегрален текст од Новогодишното обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев

Почитувани граѓани,

Во миговите кога се подготвуваме стариот календар од нашите животи да го замениме со нов, сакам своите чувства, размислувања и желби да ги споделам со Вас – луѓето кои ги сакам и почитувам, со Вас – луѓето кои ги чувствувам за свои, со Вас – луѓето со кои заеднички живееме во една иста земја. Се збогуваме со една година која индивидуално, секој од нас, ќе ја памети по добро или зло, но сите заедно ќе ја паметиме како година на наше назадување, отуѓување, осиромашување, иселување и борба за преживување.

За Македонија 2013-та беше година на изгубени битки. Беше тоа година на микро раскош и макро беда. Беше тоа година во која се огледаа сите наши слабости и недоследности. Лесно е да се каже: “Ајде, што побрзо да ја заборавиме оваа година”, но тешко е тоа да се направи. Годината која заминува од нашата сцена, не е било која и било чија година, туку изгубена година од нашите животи. А животот е само наш и само еден. Годината не ја изгубија граѓаните, туку некој им ја украде за свои потреби.

СДСМ заедно со Вас го вперува прстот кон виновниците од власта и сериозно ги предупредува дека Македонија и нејзините граѓани нема да им дозволат нова кражба и ново газење по честа и достоинството. Немаме нови години за губење поради нечовечката злоупотреба на власта oд изгубените во времето и просторот. Токму затоа, и оваа 2013 година може да ни биде од полза, доколку знаеме како да извлечеме поуки од неа. Ќе ни биде од полза оваа година, ако ни биде четиво или лектира од која ќе научиме како не треба, како не смее, како не мора.

Треба да знаеме дека преминот од една во друга година е само миг кој временски одделува, но и временски спојува. Тоа значи дека ништо особено нема да се промени ако ние самите не се промениме и ако не го промениме начинот на нашето размислување, однесување и делување.

На прагот сме на новата 2014-та година. Полни со надежи и очекувања. Верувам дека поучени од досегашното искуство, ќе знаеме да направиме пресвртница во нашите животи. Дека, почитувани мои сограѓани, ќе знаеме заеднички да креираме амбиент согласно Вашите потреби. Она што мора да го сториме е да им се вратиме на подзаборавените човечки вредности според кои, зборот ќе биде збор, образот – образ, а подадената рака за хуманост, солидарност и поддршка – добар доказ дека сме луѓе, во вистинската смисла на зборот.

Да бидеме свесни дека сме господари на нашите животи и да не дозволиме да бидеме служители на оние од власта кои нам треба да ни бидат служители. Само така ќе бидеме сведоци на остварениот стремеж за благосостојба на Македонија. Тоа што Македонија го заслужува, тоа што граѓаните го заслужуваат, ние сме должни да им го овозможиме.

СДСМ заедно со граѓаните цврсто и непоколебливо опстојуваат во намерата да го променат хаотичниот амбиент во државата. СДСМ заедно со граѓаните се одлучни стравот да биде заменат со храброст, шепотењето со слободен и силен збор, очајот и песимизмот да го заменат со гордост и оптимизам, сиромаштијата и социјалната неправда со достоинствен живот. Режимот ќе биде заменет со апсолутна слобода за сите.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е решен, Македонија- сегашното слепо црево на Балканот, да ја воздигне во Македонија – составен дел од европското семејство на народи. Само така личната, семејната и колективната среќа ќе ни бидат во совршена хармонија.

Почитувани граѓани,

Со желба за весели и среќни новогодишни празнувања Ви посакувам никогаш да не престанете да сонувате за поубаво утре, а по празнувањата заеднички да се потрудиме, тие соништа да се преточат во реалност. Од длабочината на мојата душа и од се срце, Ви посакувам многу среќа, здравје, радост, бериќет, спокој, мир и успеси во новата 2014 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.