Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рејтинг: Двојна предност на Сојузот за иднината пред ВМРО – ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on December 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 30, 2013 13:32

Кога утре би се одржале предвремени избори за советници во општина Центар, листата за советници на коалицијата на Сојузот за иднината, предводена од СДСМ би добила речиси двојно повеќе гласови од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, ова го покажува анкета на агенцијата “Рејтинг“, спроведена за потребите на општината Центар.

Според анкетата, на можни предвремени избори за советници, листата на Сојузот за иднината, предводена од СДСМ би освоила 29,4% од гласовите, а листата на ВМРО ДПМНЕ само 16,7%, додека 3,3% од гласовите би освоиле другите партии. Половина од граѓаните во овој момент се неопределени.

На последните локални избори, одржани во март оваа година, листата на Сојузот за иднината предводена од СДСМ имаше освоено 47.5% од гласовите, а листата на ВМРО ДПМНЕ 42.5% од гласовите. Според стандардизираните проекции, ако гласовите на неопределените гласачи во Центар бидат распоредени според пропорцијата на веќе определените, тогаш според оваа анкета, советничката листа на коалицијата Сојуз за иднината би освоила 62,7% од гласовите, а советничката листа на ВМРО ДПМНE би освоила 33,9% од гласовите. Соодносот на избрани советници во Советот на општина Центар, во тој случај би бил 15:8 во полза на Сојузот за иднината, наспроти сегашниот сооднос од 12:11 избрани советници.

48% од испитаниците смета дека Македонија оди во погрешна насока, а за само 28, 5% Македонија се движи во правилна насока. Ако во март 28,5% сметале дека насоката е правилна, во декември 42,4 % се со став дека Македонија оди во погрешна насока. Зголемен е бројот на оние кои немаат став.

50,9 % немаат, а 43, 2% имаат доверба во Владата. 8% од испитаниците кои се симпатизери или членови на ВМРО-ДПМНЕ немаат доверба во Владата. Мал е процентот, или само 8,8% од испитаинците целосо му веруваат на Кабинетот на Груевски. Од март до декември паднат е процентот на граѓани кои имаат доверба во Владата.

49,3% имаат позитивно мислење за премиерот Никола Груевски а 37,3 проценти имаат негативно мислење.

Tелефонската анкета агенцијата “Рејтинг“ ja спроведе за потребите на општината Центар, од 20 до 23 декември оваа година, врз репрезентативен примерок од 850 граѓани од полнолетното население на територијата на општината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.