Published: Monday, December 30, 2013 14:38
Предлог на пратеникот Ивон Величковски од ЛП за забрана на користењето на симболот Сонцето од Кутлеш не ја доби поддршката од парламентарното мнозинство.
Според Величковски забраната на употребата на овој симбол ќе ги поттикне добрососедските односи со Грција и ќе се подобри ситуацијата во поглед на евроинтеграциите.
„Како и што се очекуваше, предлог законот не доби поддршка односно гласањето помина исто како и расправата, СДСМ и ДПМНЕ беа против, а ДУИ воздржани“, изјави Величковски, кој беше единствен кој гласаше „за“ по овој предлог.
Симболот беше дел од државното знаме, но откако се потпиша спогодбата со Грција во 1995 година, тој официјално престана да се употребува, но е користен од некои навивачки и други групи.




