Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жесток судир на независните со поранешните колеги од ВМРО-ДПМНЕ за законот за ЈО

0
By Нова ТВ on February 14, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 14, 2020 20:19

Меѓусебни обвинувања за криминал, довикувања, процедурални забелешки, ја одбележуваат седницата за законот за јавно обвинитеслтво. Сепак, печат на досегашната расправа стави фронталниот напад меѓу независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои го бранеа Предлог-законот за ЈО и нивните поранешни колеги. Уште на почетокот независните пратеници негодуваа затоа што не беа поканети на координација кај претседателот на Собранието, а следуваа и две паузи за смирување на страстите меѓу партиите.

Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека продолжува расправата за Предлог-законот и дека ке трае додека не се изгласа.

Кој е виновен за настаните на 27 април, кој работи по налог на Мијалков, кој си го одлежал своето, а кој допрва треба да лежи, кој земал милионски тендери од актуелната власт, беа само дел вербалните напади кои си ги упатија пратениците од независната пратеничка група со колегите од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката, Емилија Александрова, од независната пратеничка група му рече на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, дека бил нејзин идол, но повика да ја напушти и да ја ослободи партијата, затоа што како што рече, со неговото однесување ѝнанесува само штета. Вели дека тој  нема никакви аргументи против законот за јавно обвинителство, додавајќи дека многу луѓе веруваат во партијата, но завршиле во затвор.

„Ја заложивте партијата во која сте само поради привилегии. Ја искрививте мојата слика за тоа како треба да изгледа еден политичар. Напуштете ја партијата, ослободете ја партијата“, рече Александрова.

Пратеникот Крсто Муковски, пак, го нарече „криминалец“ својот поранешен сопартиец Милошоски, кој, пак, сакаше да пушти нова „бомба“ од говорницата.

Милошоски порача дека Мукоски бил обвинуван од СДСМ дека добива незаконски тендери, а потоа власта на социјалдемократите дала тендери на неговата фамилијарна фирма од неколку милиони евра. Милошоски рече и дека пратеници од СДСМ своевремено го нарекувале по Мукоски и терорист.

„Кога гласаа за промена на Уставот им се закануваа со затвори по 15 години, ги носеа како компири, ги уценуваа, ги плашеа. Нека е честита коалицијата на СДСМ и Крсто Мукоски“, рече Милошоски.

Муковски не остана должен. Рече дека ВМРО-ДПМНЕ е заложник на два-тројца криминалци, и дека се претвори во партија по примерот на Златна зора во Грција или на радикалите на Шешељ.

„Јас чесно си одлежав за несвесната грешка што ја направив на 27 април 2017. Но, такви криминалци како Милошоски треба да одговараат“, рече Муковски, нагласувајќи дека институциите шест месеци ја треселе неговата фирма и не нашле ништо.

Милошоски побара да пушти уште еден аудио материјал од говорницата, во кој наводно, повторно се покажува дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е инволвиран во рекет. Спикерот Џафери не му дозволи, а  министерката за правда, Рената Дескоска, рече дека тоа му било само добар блеф бидејќи претходната снимка што ја пуштил на комисиска расправа се покажало дека не е бомба туку обична петарда.

Се на се многу повеќе тривијализам, отколку суштинска расправа за законот. Во расправата пред пауазата, пратениците ги повторија своите ставови: владејачкото мнозинство  дека донесувањето на законот за ЈО ќе значи почеток на борбата против корупцијата и криминалот, а ВМРО-ДПМНЕ дека законот се турка со сила и противуставно, само за да се спасат Заев и други владини функционери од одговорност.

„Едно е јасно, дека ова е сериозна, голема и последна борба меѓу мафијата и правдата. Но, ќе успееме, да знаете. Законот е последната неопходна алатка за борба со сериозниот организиран криминал во нашата држава кој сé уште не можеме да го искорениме, но ќе успееме, ќе го донесеме законот до крајот на седницата“, истакна Александар Кирацовски и ги повика сите кои, како што рече, се чесни, да не потклекнуваат на криминал и корупција, туку да го изгласаат предложеното решение.

Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека овој пратенички состав ќе биде запамтен по носењето уште еден монструм, поголем од СЈО.

„Тој монструм ќе работи според потребите и желбите на мафијата во државата. Со ова, ќе ги ставите граѓаните во многу сериозна, незавидна пложба, да бидат мета на мафијаши“, рече Затурсока и предложи повлекување на законското решение со цел негова доработка.

Единствено како нешто ново до паузата беше протолкуван предлогот на Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ која апелираше, секој што е засегнат во некои од судските случаи, истражни или предистражни постапки, да не влегува во расправа за законот.

„Кога сме засегнати, добро е да не говориме зашто граѓаните ќе речат дека сме пристрасни. Имам свое мислење за законот и кога ќе дојде време ќе го кажам. Добро е да има добро законско решние за конечно да завладее правото и граѓаните да чувствуваат правна сигурност. Жал ми е што денес гледам како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ учествуваат во самоуништување на партијата. Би сакала ова да престане веднаш и личните наши работи да ги оставиме по дома“, истакна Рангелова.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.