Published: Tuesday, December 31, 2013 12:23
Министерството за труд и социјална политика во вторник информираше дека 6 јануари 2014 година (понеделник), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Истовремено од министерството инфромриаа дека нареднито ден 7 јануари 2014 година (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Согласно Законот за државни празници Бадник е верски празник, додека Божик е државен празник.




