Published: Tuesday, December 31, 2013 15:13
Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски на својата Фејсбук страница објави дека “Прљаво казалиште” ќе настапуваат вечерва, на прославата ноќеска, на Новата година, демантирајќи дека биле задржани на граница.
-Најенергично ја демантирам веста, лиферувана од добро познатиот штаб, дека “Прљаво казалиште” биле, цитирам, “задржани на граница и вечер нема да свират на новогодишната прослава, организирана од општина Центар”.
Оваа заедничка фотографија, направена вчера, е најдобар доказ за тоа. Посебно сакам да ги поканам авторите на оваа афера да го посетат вечер скверот “Јадран” и да заборават, барем за миг, на проектот “24/7”, се вели во обраќањето на Жерновски.




