Јован Митревски, пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ на својот фејсбук профил објави стенограм кога водел седница кога се менувал законот за совет на јавни обвинители каде се гледа дека нема двојно гласање, како реакција на изјавата на Илија Димовски дека Законот за ЈО не донесен по Бандинтерово мнозинство. Митревски напиша:
„На колегата кој е еден од поголемите познавачи на законите и процедурата не му забележувам. Знам која му е целта. За граѓаните да немаат дилема во прилог ја ставам листата на закони кои се носат со двојно мнозинство според Законот за комитетот за односи меѓу заедниците, а таму не е Законот за совет на јавни обвинители.
Во Собранието исто така има еден уште поголем познавач на процедурите и законите кој најдолго време бил претседател на институцијата. Затоа, во прилог еден стенограм кога водел седница кога се менувал законот за совет на јавни обвинители каде се гледа дека нема двојно гласање.
За амандманот 30 став 3 и 8 од Уставот во некоја следна прилика.
Според тоа, Ви посакувам добра ноќ





