Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митрески и Шахпаска: Донесовме историски одлуки за отворање перспективи на домашен и меѓународен план

0
By Нова ТВ on February 18, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 18, 2020 15:49

Координатор на пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери во Собранието, Јован Митревски и пратеничката Јагода Шахпаска на заедничка прес-конференција направија рекапитулација на реализираната реформска агенда изминатите две и пол години.

„За овие три години донесовме низа историски одлуки кои ја обезбедија иднината на државата и го трасираа патот на успехот, просперитетот и напредокот. Спроведовме реформи кои гарантираат безбедност, кои гарантираат правда и владеење на правото, кои ги штитат човековите права на нашите граѓани“, рече Митрески.

Со усвојувањето на Законот за јавно обвинителство и на Законот за Советот на јавни обвинители, заокружени се реформите во правосудството. На овие два закони им претходеа Законот за судови и Законот за судски совет со што, како што рече, поставен е темелот на судските реформи поддржани од меѓународните пријатели, ЕУ и САД.

„На меѓународен план, преку ратификувањето на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, ги затворивме децениските отворени прашања и ги отворивме европските перспективи. Со ратификацијата на Северноатлантскиот договор, го усвоиме најважниот меѓународен документ во историјата и ја обезбедивме иднината во НАТО Уставните измени и имплементацијата на Договорот од Преспа беа предизвик со кој ние како пратеничка група се успешно соочивме. Вербата дека на овој начин ја гарантираме иднината на нашата држава, дека ги реализираме нашите стратешки определби, дека за нашите генерации обезбедуваме просперитет, беше мотивот што ни помогна да успеееме“, рече Митрески.

Тој се осврна и на низата законски решенија од повеќе области во неполните три години во Собранието. Беше усвоен Закон за заштита од дискриминацијата, кој, според него, е пример како се подготвува закон во соработка со невладиниот сектор. Унапредена е законската регулатива за борбата против корупцијата, преку сосема нов Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси. Донесена е законска регулатива која, како што вели Митревски, обезбеди реформа во безбедносниот сектор, унапредување на ефикасноста и квалитетот на безбедносните структури, но и заштита на граѓаните од злоупотреба и прекршување на човековите права како што беше масовното прислушување во времето на режимот.

„Од исклучително значење е дека законите за агенција за национална безбедност, за координација на безбедносно разузнавачка заедница, за следење на комуникациите, за оперативно техничка агенција , кои се основата на реформите во безбедносниот сектор, беа донесени заедно со опозицијата“, рече Митрески, нагалсувајќи дека за само две и пол години после крвавиот четврток на 27 април, како парламентарно мнозинство успеале да го вратат дијалогот во Собранието.

Пратеничката Шахпаска се осврна на решавањето на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – покачувањето на платите, социјалната заштита, намалување на казните, унапредување на стандардот, олеснување на условите за бизнис се дел од мерките со кои успеавме да го подобриме нивното секојдневие.

„Минималната плата ја зголемивме два пати. Прво на 12.000 илјади па потоа на 14.500 денари, што е за 5.500 денари или 60 отсто повеќе од претходно кога таа изнесуваше 9.000 денари. Ја исправивме историската неправда и го решивме статусот на стечајците, над 12 илјади стечајци земаат 8.200 денари до пензионирање. Со измените на Законот за извршување се намали делот за извршување на една петина, а целосно од извршување се изземаа најранливите категории граѓани. Ставивме крај на присилното извршување за социјално загрозените граѓани“, рече Шахпаска.

Со Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, како што нагласи, решен е проблемот на старите судски и извршни предмети, со што се бришат над 10 милиони евра долгови на илјадници семејства.

„Го изгласавме Закон за субвенционирање на придонеси, со што над 106 илјади вработени земаат повисока плата. Ги намаливме казните, како и трошоците за нотари, извршители и адвокати. Воведовме социјална пензија за оние граѓани кои не успеале да ги остварат условите за пензионирање. Над 4.200 наши сограѓани добиваат социјална пензија од 6.000 денари“, рече Шахпаска.

Таа посочи дека социјалната помош пораснала и до 300 отсто, дека е реализирана мерката за поврат на 15% од ДДВ, го спомена укинавањето на радиодифузната такса, враќањето на евтината тарифа струја.

„Не можам ако не посветам посебно внимание на здравството, секторот од каде што јас доаѓам. Го вративме достоинството на жените, донесовме нов Закон за прекин на бременоста, жената сама свесно носи одлука за раѓање и број на деца. Укинат е законот за паралелен увоз на лекови, нашата држава веќе не е депонија за лекови со сомнително потекло. Со законските реформи олеснети се условите за добивање специјализација, специјализантите добиваат месечен надомест на ниво на просечна плата. Имаме драстичен пораст на платите во здравството, но и во сите сектори во општеството“, рече Шахпаска.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.