Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Социјалниот систем што ги стави на колена сиромашните и беспомошните

0
By Нова ТВ on February 19, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 19, 2020 09:09

„Здравство и социјала како милостина“ е фељтон  на новинарката Менче Атанасова Точи кој НОВА, го објавува во продолженија, а е дел од публикација „Македонија од Букурешт до Преспа – Сведоштва на едно време: Македонија 2008-2018“ во издание на ФООМ. Тоа се сведоштва кои говорат за едно време-невреме кое во колективната меморија ќе остане запаметено како темно, кога Европа нѐ етикетираше како „заробена држава“ , a ќе го паметиме како „загубено време“

Пишува: Менче Атанасова Точи

Како функционираше социјалниот систем

Како ослабуваа сите алки на општественото живеење во изминатата деценија така се зголемуваше сиромаштијата, а со тоа и обемот на работа на Министерството за труд и социјална политика. Ова министерство, кое ја крои политиката на најкревката категорија луѓе, некаде донесе моментален бенефит, но најголем дел од проектите не дадоа ефект. Луѓето кои немаа од што да се прехранат, социјалните случаи и тие со посебни потреби се први на листата на кои им треба помош.

Само во 2011 година процентот на сиромашни лица во земјава изнесувал 30,4. Според податоците од Светска банка објавени во 2012 година над 37.000 домаќинства биле корисници на социјална помош, а тоа значи дека секој член од нив живеел со помалку од 2
долара дневно. Во една таква ситуација Министерството за труд и социјална политика требаше да има клучна улога како да им се помогне и да им се олесни животот на граѓаните кои живеат на прагот на сиромаштија, на лицата со попреченост, на старите
луѓе, на невработените, на децата.

Сепак, официјалните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на корисници на социјална парична помош од 2010 година до 2015 година e речиси преполовен, а намалувањето кулминираше на почетокот од 2015 година кога стапија на сила новите законски решенија со кои се заострија критериумите за достап до државна парична помош.

Ова министерство повеќе беше насочено кон административни и законски измени отколку кон реално решавање на проблемите. Промените во тој дел најмногу се однесуваат на законските решенија, како што е ратификувањето на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, формирањето на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во 2012 година, а во 2013 година е изменет Законот за градба во кој е воведен нов став со кој општините се обврзуваат да воспостават патеки за движење на лицата со попреченост. Колку тоа се почитува е друго прашање.

Сепак, политиката на кампањско работење и на сопствена промоција неповолно се рефлектираа на граѓаните што ги користат или требаше да ги користат услугите. Министерството за труд и социјална политика ги обединува политиките поврзани со вработувањето, работните односи, социјалната заштита, правата и заштитата на децата и нивните семејства, социјалната сигурност на пензионерите, заштитата од дискриминација и слично.

И покрај сите овие зацртани цели, системот на социјална заштита и социјално осигурување во државата не можеше да го задоволи огромниот број незадоволени социјални потреби на населението, пред сè поради лошото креирање на политиката, ограничените институционални, човечки и финансиски капацитети на системот.

Тромавиот и гломазен апарат се соочуваше и со недоволна организираност и распределба на работните ангажмани на вработените.
За десет години во ова министерство се сменија шест, односно седум министри, вклучувајќи го и Љупчо Мешков од ЛДП, кој од оваа позиција си замина во јули 2008 година. Негов наследник беше Џељаљ Бајрами од ДУИ, кој на министерската функција
остана до јули 2011 година или цели три години.

Тогаш за министер беше назначен Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој на функцијата остана до мај 2013 година, кога тогашната владејачка партија го назначи младиот Диме Спасов за нов министер. Спасов функцијата ја презеде на неполни 28 години и неговото министерување го следеа неколку скандали.

Од ноември 2015 до мај 2016 година, како резултат на преодната влада, функцијата министер ја извршуваше Фросина Ременски од СДСМ. По Договорот од Пржино, Ременски замина од функцијата и на оваа позиција дојде Ибрахим Ибраими, дотогашен заменик министер во истото министерство, кој остана цела година, сè до составувањето на новата влада. Од 1 јуни 2017 година функцијата министер за труд и социјална политика ја извршува Мила Царовска, кадар на СДСМ, која дојде со претходно искуство од невладиниот сектор.

Царовска: Затековме комплетно нефункционален систем

„Во моментот кога го започнав мојот мандат, во Министерството за труд и социјална политика беа вработени 329 лица. Побарав од Министерството за информатичко општество и администрација да направи функционална анализа на вработените за да видиме колку луѓе ни се, всушност, потребни овде. Мојата цел беше да направам тим кој ќе може ефикасно да ги води сите сектори, но истовремено луѓе ни требаа и во центрите, во установите, за да работат во интерес на граѓаните. Направивме прераспределба
за центрите да работат во две смени. Така, не ги отпуштив вработените, но ги ставив на позиции да им служат на граѓаните. Како и во сите други сектори така и во овој со којшто раководам затековме многу неправилности и злоупотреба на средства.

Јас бев многу изненадена од високите хонорари што ги примале вработените преку учества во разни комисии и работни групи. Покрај платата како вработени во Министерството, како хонорар земале уште една плата бидејќи членувале во комисии, иако тоа се одвивало во текот на работното време. Станува збор за високи суми и до 50 илјади денари. Иако се работи за ресор во чија надлежност се и социјално загрозени групи граѓани, тоа не претставувало пречка за да се користи привилегираната позиција за
стекнување лична корист. Ние донесовме нов правилник околу плаќањето. Членовите на комисиите кои работат во текот на работното време земаат по 500 денари месечно, колку да имаат за кафе. Нема да дозволам нечии џебови да се полнат, а ништо да не функционира“, вели Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика(пред техничката влада, кога е правено интервјуто).

Царовска објаснува дека децениското непланско раководење со Министерството за труд и социјална политика оставило сериозни последици врз системот и врз сите негови корисници.

„Ми се чини дека претходното раководство ја имаше целосно заборавено улогата која треба да ја има ова министерство во општеството, а тоа е да креира мерки кои реално ќе им помогнат на граѓаните да излезат од сиромаштија, да дојдат до повисока плата, всушност, да излезат од државните лавиринти и да престанат да зависат од системот. Поентата на помошта која ја нудиме ние како држава е да обезбедиме социјална сигурност за сите, но и да им помогнеме на граѓаните да станат продуктивни членови
на ова општество. Само така може да имаме функционален систем и силна држава. За ова да го постигнеме, неопходно е постојано да се прават анализи, да се види кои мерки се покажале како добри, кои треба да се адаптираат или трансформираат.

Треба да имаме јасна цел и визија, да работиме стратешки и со континуитет. Ништо од ова, за жал, не било применувано во претходните 10 години. Како последица, имавме безброј штетни проекти, кои го црпеа државниот буџет, без да ги дадат посакуваните резултати.

Во секторот труд најголема штета има направено проектот „Македонија вработува”, со кој на работниците кои беа вработени, а тоа се околу 26.000, не им се уплатувани придонесите од задолжително социјално осигурување и предизвика дополнителни финансиски проблеми во соодветните фондови, а посебно во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Исто така, со ад-хок зголемувањата на пензиите, без да се почитува законската рамка, целосно беше разнишан и пензискиот систем. Ако не се направеа реформите, сегашните и идните пензионери ќе останеа без пензии, бидејќи дупката во 2016 година во ПИОМ е зголемена на 17,2 милијарди денари, или речиси 28 % од вкупните приходи на ПИОМ.

Во секторот социјала и детска заштита законот, наместо да ги извлекува најранливите од сиромаштија и да ги води кон активација на пазар на труд ги претвораше во трајни корисници на системот на социјална заштита, и тоа за сума намалена на половина. Не се вложуваше во детската заштита и во раниот детски развој, коишто се клучни за развојот на децата и за создавање квалитетен човечки капитал. Искуствата покажаа дека многу од услугите кои им се нудеа во овој период на социјално загрозените семејства се манипулација, особено пред избори, при што како услуга им се нуди тоа што реално им следува според законите, без разлика дали е бањско лекување, социјален стан или социјална помош“, вели Царовска.

Следува: Проекти на Министерството за труд и социјална политика во изминатата деценија

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.