Published: Wednesday, January 1, 2014 09:41
Првото бебе родено во 2014 година е машко. Го здогледало светот во првата минута на новата година на Клиниката за Гинекологија и акушерство во Скопје, тешко е три килограми и 450 грама и долго 50 сантиметри.
На 26 годишната мајка Оља Чолакова ова и е второ дете.
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски ќе ги посети мајката и бебето денеска напладне, при што на новороденчето ќе му подари штедна книшка со 20.000 денари и други подароци.




