Хрватската опозициска социјал демократска партија презентираше план за целосна легализација на канабисот, што ќе придонесе за развој на економијата, земјоделството и туризмот во Хрватска.
„Веруваме дека либерализацијата и легализацијата контролирана од државата ќе генерира дополнителен економски раст и приходи што може да се канализираат во креирање работни места. Резултатот од легализацијата на марихуаната е, пред сè, дополнителниот развој на туристичкиот сектор, растот на земјоделското производство и, следствено, најважното-зголемување на БДП“, изјави лидерот на соција демократите Бернардиќ на прес-конференција.
Мирела Холт, пратеничка од оваа партија, додаде дека интересот за легализација се зголемува од година во година без да се овозможи целосна примена на економската, социолошката и еколошката употреба на канабис во целост. Таа истакнаа дека производите од коноп обезбедуваат квалитетна и одржлива алтернатива на многу штетни производи, како што се биоразградлива пластика, градежни производи, бои, лакови и слично.
Примерот на Чешка, Холандија и Канада
Конопот ослободува од многу симптоми на болести како што се мултиплекс склероза, ХИВ, Паркинсонова болест, епилепсија и други малигни заболувања, се вели во предлогот на СДП. Во предлогот се наведуваат искуствата на други држави како Канада, Холандија и Чешка кои преку легализација, заедно трите земји годишно заработуваат околу 55 милијарди долари.
„Легализацијата на марихуаната има позитивно влијание врз туризмот, бидејќи слободното уживање со канабис може да привлече нови гости. Таканаречениот туризам на марихуана за првпат го разви Амстердам и беше моделиран на многу други европски земји“, изјави Давор Бернардиќ.
План за легализација на СДП
Во предлогот на СДП се наведува дека секое возрасно лице може да одгледува до девет растенија во цвет, и секое правно или физичко лице може трговски да се вклучи во одгледување, маркетинг и преработка на сите видови коноп. Се додава и тоа дека доколку производителот покаже високо ниво на квалитет на култивирање, тогаш тој би можел да одгледува и за потребите на здравствениот систем.
Според предлогот ќе се формира регулаторно тело, Агенција за коноп, со овластувања за регулирање на пазарот, предлагање на подзаконски акти, регулирање на сите аспекти на одгледување, транспорт и преработка на сите видови коноп.
„Ова е концепт предлог направен од нашиот зелен совет за развој. Прво ќе се дискутира во СДП, а потоа ќе започнеме со изготвување на предлог што ќе го ставиме на јавна расправа, не само во партијата, туку и до граѓаните“, рече Бернардиќ.
Еден од аргументите на хрватската СДП за легализација на канабисот е искористување на сите елементи од тоа растение. Од нив, велат тие, можат да се направат 25.000 различни производи, во различни индустрии, од градежништво до козметика.
„Се надеваме дека тоа ќе биде до крајот на годината, за граѓаните да можат да ги почувствуваат придобивките што е можно поскоро“, вели Бернардиќ.
Предлог „Lex Kanabis“
Пратеничката на СДП, Мирела Холи објасни дека ова ќе биде lex specialis, кој ќе биде над законот за борба против наркотици и ќе ги регулира обврските на низа министерства и институции за да се овозможи целокупниот економски потенцијал на канабисот да се операционализира и спроведува. По јавната расправа, предлогот за „lex kanabis“ ќе биде пуштен во собраниска процедура. Поранешниот претседател на Комисијата за медицина за канабис на Министерството за здравство, Огњен Брборовиќ од Медицинскиот факултет во Загреб, во интервју за „Радио Слободна Европа“ рече дека легализацијата може да помогне само.
„Би сакал државата да ја легализира и да започне да собира даноци од продажба на канабис. Јасно е дека не треба да се продава во близина на училиштата и на возраст под 18 години. Воедно од приходот треба да се подигне квалитетот за грижа на корисниците со проблеми“, рече д-р Брборовиќ.
Иницијативата за легализација добива подршка и од поранешни високи функционари задолжени за борба против шверцот со дрога. Поранешниот шеф на чешката канцеларија за борба против злоупотребата на дрогата, Јиндич Вобошчил, откако Пиратската партија излезе со нов предлог, рече дека е убеден дека наскоро ќе дојде до целосна легализација на канабисот во Чешка. Една од индициите што тој ја забележал е тоа што фабриките за алкохол и тутун веќе инвестирале милијарди долари во бизнисот со канабис.
„Невозможно е да се замисли дека тие нема да заработат од оваа инвестиција. Со години работев во владата. Ако постои силна врска помеѓу бизнисот и државата, тоа е токму во областа на алкохолот и тутунот“, рече Вобошил.
Тој, исто така, го истакнува примерот на Уругвај, прва земја во светот што целосно го легализира канабисот, од производство до продажба. Уругвајците можат да одгледуваат марихуана дома, и можат да ја купат во 16 специјализирани продавници на национално ниво. Потрошувачите им е дозволено да купуваат максимум 40 грама месечно во пакувања од пет грама. Цената на еден грам е приближно малку повисока од едно евро, а дозволено е да купат само уругвајски државјани. Сепак, пред тоа, тие мора да се регистрираат, што вклучува и задолжителна фотографија.
Чешки „Пирати“
Во исто време во Чешка, Пиратската партија, третaтa најмоќна партија во парламентот оваа година ќе му предложи на Долниот дом нов предлог-закон за целосна легализација на марихуаната, слична на онаа во Канада. Во моментот е можно да се одгледува индустриски коноп во Чешка и индиски медицински коноп со лиценца. Медицинскиот канабис може да го препише ограничен број на лекари на пациенти со хронични заболувања, мултиплекс склероза, карцином и СИДА. Растењето на пет стебла е кривично дело, како и поседување на повеќе од 15 грама марихуана. Ако ве фатат со 15 грама канабис, една грам кокаин или 1,5 грама хероин, нема да бидете казнети.
Минатата година, „Пиратите“ не успееја да обезбедат поддршка за предлог законот со кои се бара право секој полнолетен граѓанин да може да одгледува до пет стебла на коноп. Тогаш „Пиратите“ се обидоа предлогот да го правдаат со потребите на пациентите од болести во кои марихуаната има позитивно влијание. Со новиот предлот „Пиратите“ ја менуваат својата тактика, а аргументот се милијардите што државата може да ги добие со оданочување на марихуаната. Економистите проценуваат дека чешкиот буџет може да заврши заработи од 0,7 до 1,7 милијарди круни или меѓу 30 и 70 милиони евра, додека многу повеќе ќе бидат инкасирани од извоз на медицински канабис.
Според предлогот на „Пиратите“, граѓаните би можеле да купат (слично на Канада) во специјализирани продавници не само медицински канабис, туку и марихуана за рекреативни цели, хашиш, маст од коноп и други производи. Растењето ќе се легализира, ќе се дистрибуираат лиценци. Масовното одгледување медицински канабис може да стане важна точка за извоз. Државата ќе заработи пари, парите од буџетот би можеле да се искористат за зголемување на пензиите, а во исто време, според „Пиратите“, би се решила и џунглата што владее со црниот пазар, каде малолетните лица, исто како и во Хрватска или кај нас во Македонија, добиваат марихуана без никакви проблеми.
„Дилерите не се грижат кому му продаваат. Во време кога некое лице може легално да продава на специјализирани места, тој не би се осмелил да ризикува и да продава марихуана на малолетни лица“, рече пратеникот од Пиратската партија, Микули Ферјеник. „Пиратите“, исто така, тврдат дека пониската цена на легалната марихуана значително ќе го ослабне црниот пазар, а на малолетните лица ќе им е забрането да влезат во такви продавници како што е случајот во Холандија.
Минатата година, чешката влада усвои стратегија за борба против зависности до 2027 година, во која се спомнуваат и можниот модел за контролирана достапност на марихуаната преку т.н. социјални клубови, какви што веќе постојат во некои земји од ЕУ, како во Шпанија на пример. Продажбата на канабис не е легализирана, но дозволено е да се конзумира во социјалните клубови кои одгледуваат канабис само за регистрирани членови.
Неодамна, повикувајќи се на медицинскиот журнал „JAMA Pediatrics“, американските медиуми објавија дека во државите каде била легализирана марихуаната за рекреативни цели, неговата употреба кај младите се намалила. Истражувачите веруваат дека во држави каде рекреативната марихуана е легална, потешко е за тинејџерите да добијат марихуана „затоа што дилерите на дрога се заменети со лиценцирани диспанзери за кои е потребен доказ за старост“, се вели во анализата на овој медицински журнал.
Едукација како превенција

„Кога започнав да зборувам за тоа пред неколку години, реакциите беа ужасни, но работите се променија. Луѓето треба да бидат едуцирани и потоа да ги променат ставовите. Потенцијалот за зависност од марихуана е помалку од оној од никотин или алкохол и според информациите со кои располагам никој не починал од преголема доза на природен канабис, но има големи предрасуди кои се мотивирани од интересите на одредени групи и индустрии“, вели хрватската пратеничка, Холи.
Пред неколку години, беше направено обемно истражување кај американските тинејџери. Научниците користеле податоци од Центарот за контрола и превенција на болести за здравјето на младите од 1993 година до 2017 година. Скоро еден и пол милион средношколци од САД учествуваа во студијата. За тоа време, 27 држави легализирале медицински канабис и седум држави дозволиле негово користење во рекреативни цели. Научниците не пронајдоа докази дека легализацијата автоматски би значело зголемување на употребата на марихуана.
Друга членка на ЕУ, Луксембург, минатата година објави дека во рок од две години целосно ќе го легализира производството и употребата на канабис за рекреативни цели. Тамошната влада објави дека законите ќе бидат сторги во однос на превенцијата и државната контрола на целиот процес.





