Published: Wednesday, January 1, 2014 12:30
Од Итната медицинска помош во Скопје оценуваат дека новогодишната ноќ минала релативно мирно.
Дежурните лекари интервенирале во околу 16 случаи со алкохолизирани лица, од кои 10 завршиле на Клиниката за токсикологија.
21- годишно момче од Чаир, од петарди се здобило со повреди на лицето и на окото. Петмина биле повредени во тепачки, од кои тројца во главата, а еден со нож на екстремитетите. Сите се хоспитализирани.




