Во 2013 година, фотографите на „Тајм“ во задача низ земјите во целот свет – Авганистан, Бангладеш, Русија, Филипините, Куба, Саудиска Арабија, Иран, Венецуела, Пакистан, Мјанмар, Централна Африканска Република, Египет, Дагестан, Индија. Од тунелите длабоко под Москва до тајфунот на Хаити, до Белата куќа, фотографите на „Тајм“ ги одбележаа некои од најзабележителните моменти изминатата година.
2.март, Фатима Хазази со медицински кутии кои ги употребува за третирање на бубрегот во нејзиниот дом во Ријад, Саудиска Арабија
7.март, стара американска кола на кубанските патишта близу Хавана, Куба
Мајка која жали по загубата на нејзината ќерка која починала во руините на 8-катницата која се урна на 24 април годинава, што беше причината за смртта на над 1.000 работници во Бангладеш
5.јули 2013, поддржувачите на соборениот Мохамед Морси му помагаат на еден од повредените близу седиштето на Републиканската гарда во Каиро
30.јули 2013, Египет, жените поддржувачи на соборениот претседател Мохамед Морси се прскаат со вода со цел да се оладат како би продолжиле со протестот за време на постот
16.ноември 2013, луѓе собрани околу оган во местото разурнато од тајфунот кој ги зафати Филипините годинава
14.ноември, мало девојче чии член од семејството е убиено 2 дена пред експлозија на граната од припадник на Селека. Бунтовничката група, која стапи на сила во март 2013, спроведува многубројни убивања, киднапирања и измачувања
6.ноември 2013, Андреј, 43-годишен Русин ја инектира 34-годишната Жана со дрогата „крокодил“ во неговиот стан во Екатеринбург
8.декември 2013, Христијаните се молат на врв на рид кој гледа над Јоханесбург, Јужноафриканците го одбележуваат националниот ден за молитва за Нелсон Мандела
14.април 2013, неколку часа пред почетокот на трката, се подготвува коњот за времето додека се чека неговиот џокеј за трката на Кинленд, Кентаки, САД