Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лондон стравува од наплив на „Бугари“ и „Романци“ од Македонија и Молдавија

0
By Нова ТВ on January 2, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 2, 2014 12:07

Владата во Лондон стравува од наплив на имигранти од соседните држави на Бугарија и Романија кои се уште не се членки на ЕУ, како Македонија и Молдавија, чии жители по „забрзана постапка“ добиваат бугарско, односно романско државјанство, пишува
Дејли Телеграф.

Како „Бугари“ и „Романци“ тие добиваат пасоши од овие две земји, па со тие документи лесно ќе може да бараат работа во другите 26 членки на ЕУ, како и во Велика Британија, откако од вчера беше укината досегашната забрана за слободно вработување на државјаните на Бугарија и Романија.

Практиката на владите во Софија и Букурешт да им издаваат бугарски пасоши на Македонци, односмо романски на Молдавци, според британските имигрантски власти претставува закана за дополнително зголемување на бројот на имигрантите од ЕУ, затоа што во Лондон не се знае колку од Бугарите и Романците кои се очекува да се населуваат на британска територија се од земјите кои не се во ЕУ.

Се стравува дека како „Бугари“ или како „Романци“ сега ќе има екстра имигранти и од Србија, Украина и Турција, кои би добиле државјанство на некоја од двете балкански земји врз основ на разни „историски врски“.

Според некои британски анализи, дури две третини од македонското население би можело да добие бугарско државјанство, па на тој начин брзо и лесно да стане дел од ЕУ, наведувајќи дека само во 2012 година на Македонци им се издадени преку 22.000 бугарски пасоши.

Македонските работници имаат повеќепати пати помал приход по вработен од британскиот, а невработеноста во Македонија е повеќе од трипати поголема од онаа во Велика Британија, пишува „Дејли Телеграф“.

Поранешниот бугарски министер без ресор Божидар Димитров за лондонскиот весник вели дека властите во Софија имаат утврдено збрзана постапка за издавање на бугарски пасоши на Македонци уште веднаш по влезот на Бугарија во ЕУ на 1 јануари 2007 година.

– Нашите пасоши се многу популарни во Македонија. Кога јас работев во Министерството за надворешни работи во Софија, доделувавме по 500 пасоши неделно. Единствено што луѓето треба да направат е само да покажат дека имаат бугарски корени, изјави Димитров за „Дејли Телеграф“.

Димитров, кој во Владата на Бојко Борисов две години беше задолжен за прашањата за Бугарите во странство, вели дека „неколку десетици илјади пасоши им се доделени на луѓе од Македонија“.

Тој открива дека бугарски пасоши имаат и 20.000 Срби, но сепак смета дека опасноста за Велика Британија не доаѓа од Бугарија, туку од Романија која, според него, има полиберална имиграциска политика од бугарската.

Лондонскиот весник предупредува и на можноста на овој начин, до бугарски и ЕУ пасош да дојдат и околу 300.000 Турци по потекло од Бугарија, кои доброволни или присилно заминале во Турција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.