Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајден и Сандерс главни кандидати на Демократите за претседателските избори во САД

0
By Нова ТВ on March 4, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 4, 2020 11:17

Поранешниот потпретседател Џо Бајден синоќа на гласањето во таканаречениот супер вторник доби мнозинство од 14 сојузни држави за изборите за демократска претседателска номинација, но сенаторот Берни Сандерс ги доби Калифорнија и можеби Тексас и освои најголем број делегати.

Иако на изборите учествуваа уште четворица кандидати, во трката синоќа се истакнаа двајцата главни претенденди – Бајден и Сандерс. Двајца политичари со целосно различни идеолошки погледи, едниот е демократ центрист, резериран за суштествени промени, додека другиот е демократски социјалист, кој повикува на  значајнa “перестројка“ на системот со помош на „политичка револуција“ во САД.

Откако се затворија гласачките места синоќа, најпрвин во Северна Каролина и Вирџинија, а потоа и во Тенеси, Алабама, Оклахома и Арканзас, држави од централен Запад на САД, првичните резултати укажаа победа на Бајден, и тоа со сестрана подршка од црномурестите избирачи, кои се од четвртина до половина од вкупниот број на избирачи во тие држави.

Бајден се врати во трката како фаворит, по убедливата победа во Јужна Каролина во саботата, и по поддршката што ја доби од сенаторката Ејми Клобучар и градоначалникот Пит Бутиџич, кои во меѓувреме ја напуштија трката.

Тој направи вистинско изненадување и победи во Северна Каролина, иако таму не потроши воопшто за реклами и не водеше кампања, и имаше краткотраен престој во Вирџинија, пред синоќа да замине на митинг за Лос Анџелес. Според досега преброените гласови повеќе од сигурно е дека Бајден добива делегати од осум сојузни држави, вклучувајќи ја ги Минесота и Масачусетс.

Додека Бајден митингуваше во Лос Анџелес, на западниот брег, Сандерс синоќа држеше говор во родниот Вермонт, на источниот брег.

Според првичните резултати, Сандерс победи таму и во уште четири сојузни држави – Калифорнија, Тексас, Колорадо и Јута.

Како резултат, од девет помали држави (вклучително и Јужна Каролина) Бајден засега има освоено помалку делегати, или вкупно 337.

Сандерс, пак, најверојатно ги добива таканаречените „бојни полиња“, државите Калифорнија и Тексас што даваат над 640 делегати вкупно (Калифорниjа како најнаселена дава 415 делегати). Со овие успех, сенаторорт од Вермонт може да освои најмалку една третина од вкупно потребниот број на делегати (1,991) и со тоа да биде поблиску до номинацијата.

Уште еден кандидат, милијардерот Мајкл Блумберг, кој за кампања за реклама во сите четиринаесет држави потроши речиси половина милијарда долари, се најде на трето место и досега има освоено ограничен број делегати – 27.

Сенаторката Елизабет Ворен беше последна во трката, и не успеа да го насочи јавното мнение на своја страна ниту во својата родна Оклахома, каде победи Бајден.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.