Published: Friday, January 3, 2014 10:27
Обдукцијата потврди дека мртвото тело кое вчера било пронајдено во околината на охридското село Велмеј е на 14-годишната Маја Блажевска од селото Лешани.
Исчезната Маја Блажеска последен пат била видена на 12 Ноември годинава кај селото велмеј, истото село каде што сега е најден безживотниот труп. Оттогаш на Маја и се губи трага, а таткото ја пријавува во полиција за исчезната.
Ова не беше прво исчезнување на 14-годишната Маја Блажеска. Претходно таа побегна во Скопје и беше пронајдена кај момче кое го запознала на Фејсбук, по што полицијата ја врати дома. По второто исчезнување во потрагата по Маја се вклучи и Интерпол.




