Published: Friday, January 3, 2014 11:39
Во пожар кој избувнал ноќеска на улица „Широк дол“ во Струмица загина 29-годишниот Ѓоко Поповски, додека неговиот татко со тешки изгореници е пренесен во болница.
Полицијата информира дека експлозија ги разбудила Поповски, таткото се обидел да го изгаси пожарот, при што се здобил со изгореници од прв и втор степен.
Од полицијата за подоцна најавуваат повеќе детали.




