Српскиот патријарх Иринеј во најновата Божикна посланица од 03-ти Јануари 2014 ги обвинува македонските власти за прогон врз Вранишковски и држење политички затвореници, информираат во писмено соопштение од ПОА.
-Честит и благословен Божик му посакуваме на нашиот затворен брат и сослужител Архиепископот охридски и Митрополит скопски Господин Јован и на целата прогонета и страдална Црква Православна во Р. Македонија. Него, тамошната власт го држи неправедно затворен, а на неговите верници им ја ускратува слободата на верата и совеста од причина што се определија за единството на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Етнофилетистичкиот раскол е најголемата трагедија на нашата Црква во Р. Македонија. Расколниците, за жал, единството на Црквата го претпоставија на политиката и етнофилетизмот.
-Апелираме до властите на Р. Македонија веднаш и неизоставно да го ослободат нашиот отец, брат и сослужител Архиепископот охридски и Митрополит скопски Господин Јован, и на Црквата Божја, Охридската Архиепископија, да ѝ обезбедат полно право и слобода, коишто според законот ѝ припаѓаат.
Апелираме и до меѓународната заедница, која набљудува како се кршат основните човекови и верски права и слободи во Р. Македонија, да превземе мерки и да ја спречи понатамошната дискриминација на една Црква и на еден народ!, се вели во говорот на Иринеј кој го ПОА го пренесе до медиумите




