Published: Saturday, January 4, 2014 12:52
Петмина малолетници се одговорни за нападот на возачот на Брзата помош кој наместо да го однесе пациентот во болница, самиот се најде во болничкиот кревет – пренесува Пресс24 повикувајќи се на извори во истрагата.
Станува збор за пет малолетни лица против кои се поднесени кривични пријави бидејќи го претепале 52-годишниот возач на Брза помош Д.Т. во скопска Кисела Вода на новогодишната ноќ.




