Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров vs Силјановска, силна рефлексија на судирот на двата изборни концепта

0
By Нова ТВ on March 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 11, 2020 14:43

Универзитетската професорка и поранешен кандидат за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова и оперскиот пејач Игор Дурловски се двете натпартиски решенија кои ќе бидат носители на пратенички листи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори.

Силјановска, која цврсто застана против Законот за употребата на јазиците и Преспанскиот договор кој за неа „покажува дека Македонија е земја во распаѓање која се ставила во подредена улога на Грција со дозвола да ѝ се мешаат дрско во внатрешните прашања“, на спротивната страна ќе го има шефот на дипломатијата Никола Димитров кој, исто така, е натпартиски член, потписник на Договорот од Преспа.

Тој е на чело на Министерството за надворешни работи од формирањето на владата на Зоран Заев од 1 јуни 2017 година и во изминатите две и пол години како министер се фокусираше на деблокада на евроатлантските интеграции на земјава. Нивниот „натпартиски дуел“ во „единицата“, практично, ги исцртува кординатите на судирот на двата концепта, како своевидна срцевина на претстојните парламентарни избори. Двајцата веќе имаа отворена меѓусебна конфронтација во времето на претседателската кампања, кога Димитров, меѓудругото, забележа дека „за да се разбере нејзиниот предизборен слоган „Правда за Македонија“ треба „да се употреби нивниот специјален речник“.

„Правда значи неказнивост, а Македонија значи партијата. Слоганот всушност е „Неказнивост за партијата”, реагираше тогаш Димитров, додавајќи дека „изборот меѓу Пендаровски и Силајновска нема да биде особено тежок“.

Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски, основата на судирот на овие избори ќе биде Преспанскиот договор, компромисот за името и иднината на државата – членството во НАТО и интеграција во ЕУ.

„Се друго е во рамките на, ако така може да се каже, изборниот политички фолклор. Граѓаните сега ќе треба да одлучат дали државата ќе продолжи да се движи на патот кон ЕУ и НАТО кој го трасираше СДСМ или ќе прифатат поинакви политики. И суштината на тој судир можеби најјасно се рефрлектира преку носителите во изборната единица број еден – Димитров и Силјановска“, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Пратеникот во првите два парламентарни состава од редовите на ПДП, Насер Зибери, нагласува дека првата изборна единица секогаш била силен симболички и практичен лакмус за тоа каков би можел да биде конечниот исход на изборното соочување. На последните парламентарни избори СДСМ и коалицијата ја остварија единствената победа токму во „единицата“. Таа изнесуваше околу 20.000 гласови. ВМРО-ДПМНЕ освои над 72.000 гласа и осум пратенички места, а политичкиот ривал над 92.000 гласа и десет пратеници во парламентот.

„Помалку неочекувано е што и двете партии номинаараа натпартиски кандидати, кои, сепак, веќе застанаа зад промовираните политики на политичките субјекти кои ги номинираа. Димитров е еден од неколкуте високи функционери врз кои падна товарот на интегративниот процес, кој несомнено не можеше да се случи без промената на името. Ставовите на Силјановска, пак, можеше да ги слушнеме во нејзината кампања за претседател и тие во суштина не отстапуваа од оние на партијата. Во секој случај ќе биде интересно да се види реакцијата на граѓаните. Дали тие ќе дадат поддршка за направеното од сегашното парламентарно мнозинство, со цел идното да го заокружи процесот на евроинтеграциите или, пак ќе сакаат промена во политиките и правецот во кој се движиме“, вели Зибери.

Веднаш зад Силјановска и Димитров во битката за пратеничко место се вицепремиерката за економски прашања, доскорешна министерка за труд и социјала Мила Царовска, заслужна за низа реформи во овој сектор, а од спротивната страна е исклучително експонираниот во последниот период Тимчо Муцунски, кој ја извршува функцијата советник за меѓународна политика. Во јавноста стана познат и како дел од тимот на ВМРО-ДПМНЕ кој преговараше за Законот за јавно обвинителство, кој на крајот не беше поддржан од опозицијата.

Поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски во ИЕ 2 за политички противник ќе го има актуелниот технички премиер Оливер Спасовски. Тој ќе бидат засилен со актуелната директорка на УЈП, Сања Лукаревска, која брзо стана препознатлива во јавноста особено со мерката МојДДВ. Мисајловски, пак, покрај себе ќе ја има разрешената министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи, која тврдокорно го дразнеше партиското патриотско членство, фрлајќи „диверзантски зарови“ со таблата со старото име на државата.

Во „тројката“ ќе се судрат генералните секретари на партиите Игор Јанушев и Љупчо Николовски. Во оваа изборна единица ВМРО-ДПМНЕ ја оствари најубедливата разлика на последните парламентарни избори. Опозицијата тука освои над 100.000 гласа и дури 11 пратенички места, додека СДСМ забележа на своето конто над 80.000 гласа кои му донесоа девет пратеника.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во четвртата изборна единица за противник ке го има потпретседателот на СДСМ, Александар Николовски, иако можеби пологично беше тоа да биде лидерот Мицкоски, кој го избегна првото соочување со гласачите како своевидна потврда на својата политичка вредност, останувајќи цврсто на ставот да биде, како што постојано повторуваше, „шпицен кандидат“.

Во „петката“ има, исто така, многу симболика. Листата на СДСМ ја предводи министерката за одбрана и заменик-претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, која излегува на мегдан со оперскиот пејач Дурловски, еден од обвинетите, а потоа ослободен за насилствата на 27 април во Собранието, кога меѓу оние што го извлекоа подебелиот крај беше токму заменик претседателката на СДСМ.

Дурловски не чекаше многу да му се заблагодари на лидерот Мицкоски за укажаната доверба, користејќи повторно само еден сегмент од арсеналот на неговата богата воинствена реторика „народот ќе биде повторно ослободен, борбата ќе биде тешка“, небаре ова е Мечкин камен 1903, а не партиски избори 2020.

Зибери смета дека тоа е погрешен избор на опозицијата.

„Случувањата на 27 април се хендикеп за ВМРО-ДПМНЕ, не се предност. Тоа е најцрната точка во македонскиот плурализам. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ со Дурловски игра на патриотската карта, која според нивните проценки токму во оваа изборна единица би можела да го мобилизира гласачкото тело. Лично не сум убеден во тоа“, вели Зибери.

Во оваа изборна единица Мицкоски, според политичките проценки, практично, игра „руски рулет“ со позиционирањето на високото второ место на „моќникот“ Антонио Милошоски. Тој доживеа кулминација на својата компромитација со последните објавени прислушувани материјали, во кои бара од сега веќе официјално разрешениот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, поволна пресуда во предмет поврзан со неговиот татко. Капак на се беше тешката артилерија на обвинувања кои стигнаа од поранешните вработени во здружението на возачи во Кичево кои обвинија дека „семејството Милошоски на мафијашки начин го презеде здружението“.

Во ИЕ 6 листата ќе ја предводи лидерот на БЕСА, Билал Касами, коалицискиот партнер на социјалдемократите, кој за противник ќе ја има пратеничката Дафина Стојановска. Тие средини со мешан етнички состав, кој ги опфаќа оваа изборна единица, практично, ќе треба да покажат како ќе се рефлектира несомнено новиот квалитатив на политичката сцена – формирањето на првата македонско-албанско предизборна коалиција. Долга е праксата на формирање предизборни етнички мешани коалиции, кои ги предводеле големите партии од македонскиот политички блок, но никогаш досега во неа не партиципирала албанска партија.

„Исходот во „шестката“ ке биде исклучително важен за иднината на ова општество. Ќе видиме дали ќе успее тој нов прогесивен модел на политичката сцена, кој дополнително би влијаел на релаксирање на меѓуетничките односи во земјата. Поразот на тие политики, пак, би значеле враќање назад. Па дури би рекол дека би претставувале и отворање простор за пораст на меѓуетничките тензии во постизборната фаза“, проценува Зибери.

Мицкоски вчера информираше дека 95 проценти од листите се со нови лица. Забележливо е дека на листите ги нема досегашните ударни пратенички тупаници Илија Димовски, Влатко Ѓорчев (за кои, наводно, при евентуален успех на изборите, било обезбедено место во Извршната власт), Трајко Вељаноски, Васил Пишев, Димитар Стевананџија, Крсто Јовановски, Емил Димитриев, како и Даниела Рангелова, која поодамна крена раце од актуелното раководство на партијата. На кандидатските листи, пак, има само седум пратеници од последниот состав. Кординаторот Никола Мицевски, Антонио Милошоски, Благица Ласкоска, Ане Лашковска, Дафина Стојановска, Жаклина Пешевска и Јохан Тарчуловски.

„ВМРО-ДПМНЕ излегува на овие избори со огромен број нови имиња, свежи кадри и врвни индивидуи кои се обединуваат околу нашата мисија за обнова на Македонија. Идниот пратенички состав, а потоа и идната влада ќе ја сочинуваат најголем број на нови лица досега, докажани индивидуи. ВМРО-ДПМНЕ е новата надеж и идната победничка опција околу која се врзува целокупниот кадровски потенцијал во државата и која ќе започне да ги менува работите. Над 95 проценти се луѓе кои првпат ќе бидат дел од листата која што ќе ги опфати кандидатите за пратеници. На сцена даваме шанса на нова генерација која мора да се избори за подобра иднина“, рече Мицкоски, заблагодарувајќи им се на досегашните пратеници.

Ваквото освежување на листите потсетува на кадровското рефреширање што го направи СДСМ на последните избори, по тетконските промени што се случија во партијата со смената на кормилото и заминувањето на долгогодишниот лидер Бранко Црвенковски.

„ВМРО-ДПМНЕ сега се во позиција да напаѓаат. Принудени се да направат порадикални резови за да освојат што повеќе пратеници. Тоа е главната идеја, нова понуда со која сакаат да демонстрираат дека се дистанцираат од почесниот претседател и експремиер, сега азилант, Никола Груевски. Останува да видиме колку ќе бидат успешни во тоа“, коментира Арсовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.