На клиниката за инфеткивни болести се чекаат резулататите за 12 нови лица кои се тестирале утрово за корона вирусот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Двајца од нив пред 5 дена се вратиле од Италија и имаат симтоми на грип. Осумина други се од Дебар, соседи на веќе тројцата заболени со кои деновиве имале интензивни контакти. Едно лице се тестирало во Штип, по потекло од Кочани и недодамна патувало во Италија. Последното лице е од Прилеп. Резултатите за нивните тестови се очекуваат попладнво.
Засега, на Инфективна се уште се седумтемина пациенти, кои се со лесна клиничка слика, нема потреба од механичка вентиилација кај никој од нив. Првата заболена пацинетка е негативна на контролниот тест и се очекува да биде пуштена во наредните неколку дена.
Тестови во овој момент има доволно, рече Филипче, но ќе се набават дополнително нови. Капацитетот на Инфективната клиника е сосема доволен, рече министерот, направени се планови и кои катови ќе бидат изолирани, доколку се појават повеќе случаи.




