Кина, Јужна Кореја, Италија и Иран се земјите со највисок ризик за патување заради огромниот број заболени и можната зараза со коронавирус. Со среден ризик се следните земји: Германија, Франција, Јапонија, Шпанија, Швајцарија САД, Велика Британија, Холандија, Белгија, Шведска, Норвешка, Сингапур, Австрија, Малезија, Австралија и Грција. Сите останати земји каде што има присутво на коронавирус во моментот се земји со низок ризик. Линк од Министерството за здравство каде што се ажурираат податоците за земјите со висок, среден и низок ризик.
Коронавирусот, наречен Ковид-19 е регистриран во 117 држави, заразени се 119.100 луѓе и има 4.298 смртни случаи.
УНИЦЕФ предупреди дека на социјални мрежи како и во онлајн и дел печатени медиуми, почнале да се појавуваат лажни пораки за заштита од коронавирусот што и ги припишуваат на нивната организација. Тие ги повикаа граѓаните да бараат точни информации за тоа како да се заштитат од познати, официјални извори – СЗО, УНИЦЕФ, национални здравствени установи или здравствени професионалци.
Властите во Пекинг објавија дека воведуваат 14-дневен карантин за сите кои пристигнуѕваат во кинескиот главен град од странство поради зголемениот број „внесени“ случаи на новиот коронавирус во градот. Кинеските граѓани во странство кои имаат симпштоми на заразата треба да бидат лекувани каде се што наоѓаат. Во Хубеи, епицентар на епидемијата ситуацијата се стабилизира, и шести ден по ред има намалување на бројот на нови случаи.
Во Германија, Канцеларката Ангела Меркел изјави дека очекува меѓу 60 и 70 отсто од населението ќе се зарази со новиот коронавирус во оваа земја.
Бројот на инфицирани во Австрија надмина 200. Од вчера до утрото има нови 157 заразени.
Албанија го воздушениот и поморски сообраќај со Италија.
Во БиХ се затвораат училиштата и универзитетите на две недели поради епидемијата. Прекината е и работата на театрите и спортските настани.
Иранските власти соопштија за 63 нови смртни случаи од вирусот. Во оваа високоризчна земја вкупно досега има 354 смртни случаи.
Литванија и скандинавски држави засилуваат мерки против коронавирусот. Во тие држави е зголемен бројот на заразени





