Published: Sunday, January 5, 2014 11:53
Секој четврти млад човек во Македонија е останат со основно образование, покажува официјалната статистика, но и покрај ваквата состојба факултети се отвораат во повеќе населени места.
Законот со кој се предвидува задолжително средно образование не може да е единственото решение за проблемот со неедуцирани кадри, а високото образование треба да се подобри пред да се дисперзира, коментираат од младинските организации, пишува Радио Слободна Европа.
Меѓународната заедница до сега неколку пати посочува дека невработеноста на младите, која според официјални проценти е една од највисоките во регионот и можеби во Европа, претставува прашање кое итно треба да се реши.




