Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва ќе горат коледарски огнови, утре се слави Бадник

0
By Нова ТВ on January 5, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 5, 2014 13:12

Вечерва во цела држава ќе горат коледарските огнови, како најава за Бадник и големиот празник Рождество Христово – Божик. Утре во Соборниот храм„Св. Климент Охридски“ на годинашниот кум Методија Стефановски-Тоде ќе му биде предаден бандикарскиот ќуп.

Според традицијата, свештениците ќе ги осветат бадникарските гранчиња кои кумот и здравичарот сами ги набрале, како и нафората, чајот и ракијата што ќе се делат бесплатно на присутните. Точно во 11 часот г.г.Стефан со пригодна беседа ќе им с еобрати на присутните скопјани и ќе му го предаде ќупот на новиот кум на бадникар. По ова се крши погачата со златна паричка, а според верувањето тој што ќе ја добие ќе има среќа во текот на целата година.

Новиот кум, бадникар заедно со семејството ќе замине со пајтон од пред платото на Соборниот храм. На Бадник трпезата е посна. На масата
се става риба, гравче, посна сарма, лепче со паричка. Се верува дека кај оној член од семејството каде што ќе падне паричката ќе има среќа цела година.

Со Бадник всушност завршува големиот пост, а на Божиќ се собира семејството и со богата трпеза полна со месо, го слави Христовото раѓање.

Во пресрет на утрешниот празник вечерва се палат бадникови дрва, што преставува пагански обичај.

За празникот не важат предупредувањата дека дрвата го загадуваат воздухот. Повеќе општини во Македонија веќе им поделиле по најмалку два кубика дрва на месните одбори за Бадник, и покрај фактот дека запалените дрвја најмногу придонесуваат за зголемување на количеството на канцерогените ПМ10 честички во воздухот.

Собирањето околу огновите ќе биде збогатено збогатено со маалски дружења со греана ракија и вино, колбаси на жар. Тука не важи постот кој трае се до Божиќ, бидејќи луѓето не сакаат да се откажат од овие обичаи.

„Бадник го славиме по пагански, а Божик, ако имаме сила да го славиме поради бадниковите теревенки, тоа го правиме по рисјански. Посната бадникова вечера, како претпразненство на големиот празник на Христовото раѓање, кое треба да го сплоти семејството и полноќната Божествена литургија се заменети со литаниите на маалските огнови и култот на греаната ракија. На тој начин се уништува убавината и раскошното предание на нашата празнична култура„, напиша епископот Методиј во својата колумна „Реставрација на традиции или реставрација на примитивизам“, објавена на интернет-порталот на МПЦ, „Премин“.

Секоја година близу 20 000 евра за неколку часа горат во пламените јазици на коледарските огнови. Стотици граѓани се топлат покрај огновите со греана ракија, чај и богата трпеза пушува порталот Фактор. Според анализата на Фактор, во општина Карпош 14 урбани заедници, вклучително и за централната прослава во Влае ќе се изгорат 70 кубици дрва.

Во општина Центар ќе има огнови во скоро сите маала. И оваа година се предвидени околу шеесетина кубици за коледарските огнови, а уште толку ќе им се доделат на социјално загрозените семејства. За разлика од општините кои не се откажуваат од традиционалните обичаи , во Ѓорче Петров и оваа година нема да даваат дрва за горење на улиците и на јавните места, освен за црквата каде ќе се одржи централната манифестација.

Огревно дрво поделиле на 15 социјално загрозени семејства. Слична практика ќе се применува општината Бутел. Општина Аеродром години наназад троши најмногу дрва за огрев споредено со другите скопски општини. Годинава се предвидени околу 200 кубни метри кои ќе ги распоредат по месните одбори.

Традиционално палење на бадникарски оган ќе се одржи и во населбата Маџари во општина Гази Баба, во дворот на црквата Св. Кузман и Дамјан. Претходно во црквата свештеници на МПЦ-ОА ќе одржат божествена литургија. На манифестацијата, која ќе почне во 19:30 најавено е присуство на градоначалникот и претседателот на Општина Гази Баба Тони Трајковски и Милан Андоновски.

Иако Црквата досега неколку пати излезе со став дека огновите кои се палат ноќта пред Бадник се пагански обичај, кој не е дел од црковното празнување на Исусовото раѓање, сепак, поповите последниве неколку години не ги одбиваат поканите да ги благословат кумовите и да го осветат лепчето на огновите.

За да се појави попот на огнот, кумот на прославата треба да подготви од 1000 до 1.500 денари за кратката литургија на бадниковите огнови која е влезена во ценовник. Бидејќи скоро на секоја улица се палат огнови, математиката и не е толку лоша за оваа вечар пишува Фактор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.