Од март годинава пензионерите, примателите на социјaлна помош и вработените во државната администрација ќе добијат за пет одсто поголеми примања најави премиерот Груевски. Ова било предвидено во буџетот за 2014 година.
-Ние најдовме начин, најдовме сили и можности, пред се заради нашето ветување, но и заради соодветното управување со буџетот, да овозможиме зголемување на пензиите на пензионерите, на социјалната помош за примателите на социјална помош и на платите на луѓето што се вработени во државната и јавната администрацијА, изјави премиерот Груевски на промоцијата на нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност”.
Според него во време кога поголем дел од земјите ги намалуваат платите, пензиите поради европската должничка криза, земјава поради стабилната економска политика и правилното управување со буџетските средства има можност, начин и сила да дозволи зголемување на истите.




