Каков е квалитетот на живот на глувите луѓе кои живеат во западно-европските земји, како се образуваат, дали работат, дали се чувствуваат дискриминирани. Атанаска Сковин веќе седум години живее во Шведска, заедно со нејзините две деца кои исто така се глуви.
Но, тие освен шведскиот го знаат и англискиот јазик, имаат можност да се школуваат каде сакаат. За разлика од од Македонија толкувач имаат на распологање во секое време бесплатно, за што постои посебна служба која Атанаска ја контактираше во текот и на нашиот разговор.
Таа во Студио на НОВА ,се обиде да ни ги долови разликите во начинот на живот на глувите во Македонија, со земјите на ЕУ. Во Македонија е дојдена за да им помогне на глувите, да им ги отвори хоризонтите и можностите за подобар живот.
Повеќе за разговорот погледнете во видеото.