Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Даниловски: Во војна сме со невидлив непријател- потребни се порадикални мерки

0
By Нова ТВ on March 15, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 15, 2020 18:35

На својот фесбук профил познатиот професор и епидемиолог сподели свој став за сосојбата со коронавирусот и дава препорака за итно затворање на границите. Текстот го пренесуваме во целост.

Пишува: Драган Даниловски, епидемиолог, професор на Медицински факултет и поранешен министер за здравство

Можно е да е разрешена „тајната“ на молњевитото ширење низ светот. Наодите на една ретроспективна студија, спроведена на 366 хоспитализирани деца од околината на Вухан, Кина, покажуваат дека инфекциите со САРС-КоВ-2 кај децата се случувале многу пред да се регистрираат првите случаи на болеста.

Тоа значи дека вирусот подолго време подмолно се распространувал низ популацијата, користејќи ги токму децата и младината. И јасно е сега зошто тие или немаат воопшто или имаат лесни симптоми. Тие се најдинамичниот дел од популацијата, со најмногу социјални контакти. Ова овозможува максимални шанси за воспоставување на ланци на инфекција. Со тоа се овозможува експоненцијален раст на бројот на инфекции, без можност да бидат детектирани. Број кој се удвојува на одреден број денови.

Во САД бројот на болните се удвојува на 6 дена! Кај нив на 23 февруари имаше 35 случаи, сега имаат 3045 (14.00 часот, денес). Истиот модел важи и во сите други земји!

Според истиот модел, кај нас, (се разбира, ова е само проекција), бројот на болни за 30 дена може да се искачи на 2500! А за два месеци? А за една година? Апокалиптично звучи, зарем не?

Ова што ни се случува на планетава е најстрашното искушение пред коешто човештвото е исправено, уште од времето на „Црната смрт“ (чума) (1347-1351) која, се проценува, убила 350-375 милиони луѓе, од вкупно 475 милиони и т.н. Шпански грип (1918-1920), од кој заболеле 500 милиони луѓе или 27% од тогашната светска популација од 1,8 милијарди, а умреле меѓу 50 и 100 милиони!

Со многу висока веројатност може да се тврди дека огромна пропорција на инфекции се случени благодарејќи на расејување на вирусот на асимптоматски сејачи на вирусот. А асимптоматски случаи најмногу ги има меѓу децата и младите. И токму тие се покажаа најнедисциплинирани во почитувањето на мерките за спречување на епидемијата.

И наместо затворањето на училиштата и факултетите да вроди со плод (да ги редуцира меѓусебните контакти), проблемот веројатно стана уште поголем. Затоа што тие веднаш ги наполнија кафулињата и дискотеките. И се создадоа услови за воспоствување на безброј ланци на инфекции, инфекции невидливи, а сепак присутни чиј што број расте експоненцијално, како снежна лавина. Така настанува епидемиско ширење, кое сè повеќе се интензивира. Ние тоа го нарекуваме епидемиска амплификација.

А во тие ланци сигурно може да се случи да се врзат и мајките, татковците, бабите и дедовците на младинците желни за забава. Тие, пак, задолжително ќе добијат тешка клиничка слика на болеста, некои од нив и многу тешка, а некои и ќе умрат! Непотребно!

И зошто сето тоа? Заради разгаленоста и егоизмот на голем дел од младите (се разбира, не сите!), на кои им е важно само „добро да се забавуваат“! А одговорноста и грижата за своите блиски?

Секако, не се само младите. Потенцијални сејачи се и сите други граѓани кои се наоѓаат во периодот на инкубација или се асимптоматски случаи, а кои исто така немаат чувство на одговорност и совест (се разбира, не сите!), воопшто не ги почитуваат  мерките пропишани од Владата. Кафеаните преполни, во продавниците игла нема кај да фрлиш, луѓе рашетани по светот, тераат туризам, раскомотени по седенки, журки, чајанки по дома, небаре ќе биде крај на светот. Колективна и лична свест и совест – нула! Хедонизам на најјако! Содома и Гомора! Шанси за пренос на вирусот – максимални!

Ова се фактите. Со вакво поведение на (дел од) граѓаните епидемиолошките ризици се речиси исти, како и воопшто да не би биле распишани било какви мерки! Што значи тоа? Значи дека вирусот непречено ќе се шири и епидемијата ќе добива на интензитет, како снежна топка што станува лавина!

Тоа ќе доведе до надминување на капацитетот на здравствениот систем! Луѓе ќе умираат зашто нема да може да им се укаже помош! Катаклизма!

Тоа не можеме да си го дозволиме!

Нема држава која ќе толерира неодговорно, индолентно и (дури) деструктивно поведение на своите граѓани. Ако досегашните мерки, кои се потпираа, во голем дел, на препораки, односно на свеста на граѓаните, не произведуваат ефект во смисла на редукција на контактите меѓу граѓаните (со седење дома), логично мора да следи фаза на примена на најрадикални мерки на принуда. Дури и со херметичко затворање на државата! И полициски час!!!

Државата мора да преземе такви мерки. И тоа ќе биде сосема легитимно!

И тоа најитно! Во интерес на општото добро.

Откажување нема! Во војна сме, пострашна од сите досега! И тоа војна со невидлив, но страотно моќен непријател! Микро-ламја со илјада глави!

Да бидеме единствени и одлучни! Опцијата е една и единствена!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.