Published: Monday, January 6, 2014 09:38
Три лица се потешко повредени во синоќешната тешка сообраќајна несреќа на патот Велес – Штип, кај селото Каратманово, jaвуваат македонските медиуми.
Повредените се враќале од забава од селото Лозово во возило „голф 4“. Нивното возило, од засега непознати причини излетало од патот и паднало во ендек. Сите повредени се од селото Иванковци.
Двајца од повредените, поради тешките повреди морале да бидат транспортирани во Скопје, а третиот останал во болница во Велес.
Инцидентот се случил во мошне тешки временски услови, со густа магла.
Во Скопје биле пренесени С. Б. и Ј. А., а С. С. бил зaдржан во велешката болница.




