Дијагностицирани се пет нови лица заболени од коронавирус , додека двајца кои имале позитивен резултат на приватна клиника, дополнително ќе бидат тестирани на државната Клиника во Скопје.
Четворица од новорегистрираните случаи се од Дебар и се инфицирале од двајца првозаразени од овој град. Петтиот е случај е 54 годишна македонска државјанка која во земјава пристигнала од Холандија, преку Виена, пред четири дена, но во меѓувреме била во самоизолација. Се контактираат членовите на нејзиното семејство, возачот на таксито кое ја донело од скопскиот аеродром до дома, како и уште 31 лице кое патувало со неа во авионот. Таа е хосиптализирана на Инфективната клиника. Со неа, сега на клиниката има 14 заболени од коронавирусот.
Во болницата во Дебар веќе се лекуваат четворица со коронавирус. Со тоа бројот на заболени се зголеми на 23 и уште двајца кои треба да се потврдат во државна лабораторија.
„Сите заболени се со лесна до средна клиничка слика, евентуално на маска за кислород за да се олесни дишењето, освен на една повозрасна пацинтка од Дебар, која е приклучена на респираторна машина. Заболените во Дебар се со лесна клиничка слика, како горно ресоираторна инфекција, таму лекарите се грижат за нив и не известуваат“, рече Филипче.
Филипче потенцираше дека разговарале со МВР да постапуваат поинтензивно во однос на самоизолацијата и да ја информираат Владата.
Донесена е одлука стоматолозите да пружаат само итни услуги. Завераката и издавање на ортопедските помагала ќе ја вршат матичните лекари.




