Published: Tuesday, March 17, 2020 13:00
Вкупно 26 заболени се регистрирани во државата до денес до пладне, информираат од Министерството за здравство.
„Денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот изнесува 26 лица. Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контролни тестови, кои го потврдија претходниот резултат. Состојбата на сите пациенти е стабилна“, се вели во соопштението.
Министерот за здравство, утрово, одржа состанок со Комисијата за заразни болести и присуствуваше на кризниот штаб на Владата.
Повеќе информации ќе следуваат на прес конференцијата на министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче закажана за 14:00 часот во Владата на РСМ.




