Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција соопшти дека ќе се предложи забрана за извоз на брашно од Северна Македонија и дека во текот на денот ќе се отвори и бесплатна линија за граѓаните да пријавуваат неправилности.
-На денешната седница предлагаме забрана за извоз на брашно и може да донесеме забрана и за други основни продукти. Сите инспекторати работат 24 часа. Во текот на денот ќе воведеме бесплатна линија, односно кол центар за граѓаните да пријавуваат неправилности.
Во соработка со економските ресори ќе предлагаме до Владата и од Здружението за заштита на авторските и музички права да ги стават своите побарувања од хотелите и рестораните во мирување од 6 месеци. Како министерство за економија, будно ги следиме сите случувања за узовот и извоз на стоки. На денешната седница предлагаме забрана за извоз на брашно и може да донесеме забрана и за други основни продукти. Сите инспекторати работат 24 часа. Во текот на денот ќе воведеме бесплатна линија, односно кол центар за граѓаните да пријавуваат неправилности, рече Бектеши.
Министерството за економија ќе предложи да се создаде фонд за туризам со цел пренасочување на средствата од 44 милиони денари и Агенцијата за промовирање на туризмот ќе го дополни фондот со 30 милиони денари. Кога ќе ни бидат доставени штетите на хотелиерите и угостителите тие ќе бидат насочени, рече министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.




