Published: Monday, January 6, 2014 16:23
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети им го честиташе Божиќ на православните христијани. Во неговата честитка се вели:
– Божик е еден од најголемите христијански празници што ги зближува луѓето не само со Бога, туку и помеѓу себе.Истовремено ја промовира меѓусебната почит, љубов и соживот. Православните верски празници исто така претставуваат повод да се навратам на растечката заедница на православните Албанци во Македонија и да го поздравам нивното навраќање кон своите корени. Се надевам дека овогодинешниот голем празник Божиќ ќе донесе спокој, радост и среќа при вашите домови, се вели во Божиќната честитка од Ахмети.




