Во овој момент се прават анализи на уште 30 лица, едно од Куманово, две од Скопје, останатите 27 се од Дебар и околината, откако преходно им бил напрвен скрининг. Тие лица немаат симптоми но можно е да биле во контакт со заболените
Новите четворица заболени од коронавирус се дијагностицирани доцна синоќа, со што бројот на заразени до 12 часот денеска изнесува 35. Тие се во групата, односно се членови на семејства на заболени и нивни пријатели чии тестови се извршија врз основа на епидемиолшки анкети и податоци со кого комуницирале. Во овој момент се прават анализи на уште 30 лица, едно од Куманово, две од Скопје, останатите 27 се од Дебар и околината, откако им бил направен скрининг. Тие лица немаат симптоми, но можно е да биле во контакт со заболените, информира министерот за здравство Венко Филипче.
„Сите се со лесна клиничка слика и тие пациенти кои се наѓаат на Инфективна клиника и на пацинтите во Дебар. Стабилна е и пациентката која е приклучена на респираторна машина. Тој скрининг кој што е напревен за епидемиолошката анкета и откривање на овие пациенти што се новооткриени засега добро функционира, со помош епидемиологот, нашиот инфектолог и локалните инфектолози, тие имаат шема, алгоритам по кој постапуваат, рече Филипче.
Тој рече дека синоќа во авионот од Брисел се поставила индикација за тестирање на 12 лица, согласно податоците кои ги дале. Сите се негативни и се дома во самоизолација.
„Вчера преку Деве Баир пристигна група од 10 луѓе, тие се сместени во Пепелиште и во текот на вечерта и сега се прегледани од епидемиолог и согласно одлуката, може ќе пристигнат и повеќе луѓе, ќе бидат префрлени во Заводот во Демир Капија заради реакциите за лошите услови, се надевам ќе имаат разбирање’, рече Филипче.
Тој нагласи дека залихи на крв и крвни деривати има доволно, има идентична количина истиот перод како минатата година, а со оглед дека се одложени хроничните операции има доволно крв во залиха.
Филипче за денешниот предлог на Влада за прогласување на вонредна состојба, рече:
„Можам да кажам дека ние во здравствениот сектор цело време функциониравме во една вонредна состојба, со монитороинг, со протоколи на Инфективна клиника, со пуктови на гранини преми, со мерки, но оваа вонредна состојба ќе помогне во спроведување и заострувуање на мерките, а ќе даде можност и другите сектори да се престројат и да имплементираат соодветни мерки во интерес на заштита од коронавирусот“, изјави Филипче.
Тој нагласи дека имаме можност со помош на стручни публикации и научни трудови да се види врз основа на искуствата во Италија и Кина, дека најголем проблем за здравствениот систем е ако за кратко време се наполнат одделенијата за интензивна нега во болниците.
„ Во Италија најпрво започна во градот Кодоњо на крај на јануари кога бил примен еден пациент со коронавирус и респиратони проблеми, а веќе следниот ден имаше 36 нови и во наредните по 10 до 12 пациенти кои што барале механичка вентилација на интензивна нега. Во тој смисол скрининзите кои што ги правиме сега во Дебар и Струга и околината, а ќе ги правиме и на други места и населби во Скопје, но и други гради е многу важно, за не се оптовари здравстениот систем одеднаш“, нагласи Филипче.
Тој уште еднаш упати апел до граѓаните да не се излегува без потреба, да се одржува хигиена со често миење на рацете, да се држи дистанца во контактите со други луѓе.




