Енвер Хоџај, косовскиот министер за надворешни работи е скептичен за најновата иницијатива на Србија, да се создадат заеднички претставништва на некои од балканските земји во Африка, Азија и во Америка, јавува Алмакос.
– Не можам јас до оценам како соседните земји од регионот се претставуваат во надворешната политика, затоа што тоа е нивна сувереност и немам информации како тоа може да функционира. Но, ние треба да ги разгледаме околностите. Прво, нордиските земји кои можат да имаат такви репрезентации се разликуват многу од пост југословенските земји, кои овие две децении преживеаја низа човечки трагедии, и каде политичката независност е најголемата потреба. Србија сé уште интервенира во внатрешните работи на соседните држави и затоа регионалната соработка е далеку од тоа да биде одлична – изјавил Хоџај за порталот на албански јазик Алмакос.
Неодамна, премиерот Никола Груевски потврди дека преку Министерството за надворешни работи подолг период комуницира со своите колеги од Србија, Турција, Словенија, Црна Гора и најверојатно, Хрватска, за идејата за споделување заеднички објект. Како што објасни се работи за заеднички објект каде што ќе работат дипломатите од овие земји за да се намалат трошоците на македонската дипломатија




