Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Бројот на заболени се зголемува, се става во функција болницата „8 Септември“

0
By Нова ТВ on March 19, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 19, 2020 18:42

Шест нови пациенти заболени со коронавирус се дијагностицирани до 16 часот и со ова бројот на заболени се зголеми на 48. Уште 35 се тестираат. Бројот на заболени се зголемува и се прави план, да се стави во функција градската болница “8 Септември“ за пациенти кои се сомнителни или заболени со коронавирус

Во Штип за првапат во земјава е откриен коронавирус на 4 годишно девојче кое одело во градинка во Англија, во државата се вратиле на 14 март и било во домашна изолација. Лекарска помош побарале вчера, кога се јавиле на преглед. Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи, кои се тестирани во рамките на скринингот, во Скопје е регистриран еден случај кој имал контакти со претходно дијагностицираните заболени.

И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија, информира  министерот за здравство Венко Филипче.

„ Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми.Тоа е сместено со мајката  во болница, се проширува епидемиолошката анкета со кого се контактирале“, изјави Филипче

Тој рече дека во моментов се тестираат нови 35 лица, кога ќе бидат готови резултатите ќе биде известена јавноста. Потенцира дека сите се стабилни и пациентите на Клиниката за инфективни билести и тие во  Дебар, како и пациентката која е на респираторна машина.

Филипче објасни дека  на Инфективна клиника има 110 кревети, а исполнета е само 25 проценти. Вирусот ќе се шири  и затоа се прави план, да се стави во функција градската болница “8 Септември“ за пациенти кои се сомнителни или заболени со коронавирус.

„Направивме план за ставање во функција на болницата „ 8 Септември“, на сомнителни или потврдени случаи на коронавирус. Направивме посета со посебна комисија и Комисијата за заразни болести, се утврди патот на пациентие, тријажите, посебна операциона сала, посебен ангиограф, ЕХО и целосно посебен оддел со 22 кревети и респираторни машини. Со ова ги обезбедуваме сите пациенти кои имаат вирус, а имаат потреба и од хируршка интервенција. Медицинскиот кадар помина кратка едукација на Инфективна клиника, како да постапуваат, како да земаат брисеви и како да интервенираат “, изјави Филипче.

Во Клинички центар „Мајка Тереза“ се работи на инфраструктурата и пристапот до Инфективна клиника , како и до Ургентен центар, за да се олесни движењето и патот на болните.

Тој рече дека се работи и на посебни пунктови во рамки на Здравен дом кој ќе старува во почеток на следната недела за опфаќање на поголем број на население заради локалната трансмисија.

„Исклучително е важно дополнителното тестирање кое ќе се прошири на асимптоматичните луѓе кои се најризични, тие што биле во контакт со заболени, што доаѓаат од ризичните региони и тоа е исклучително важно во борбата со коронавирсот.“, рече министерот.

Во Дебар најави дека од утре се праќа уште еден пулмолог и еден педијатар бидејќи таму има заболени здравстени работници и треба помош.

Филипче рече дека бројот на пациентите со коронавирус е во пораст, здравениот систем засега е добро менаџиран, заразените се откриваат во рана фаза, и тоа е добро бидејќи искуството од други земји покажува дека во доцна фаза доаѓа до колабирање на здравстениот систем.

Тој најави дека и приватни фирми се понудиле за да изработуваат маски, а за медицинска опрема односно скафандери рече дека не се потребни за целиот медицински персонал, туку за тие што имаат директен контакт и ги лекуваат заболените. Уште еднаш потенцира дека исклучително е важна улогата на граѓаните кои треба да ги почитуваат и примнуваат мерките за заштита, за сите да придонесат оваа криза да се надмине.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.