Православните христијани денеска го слават Христовото раѓање – Божик. Празникот на раѓањето Христово ќе биде одбележан во сите храмови на Македонската православна црква со божиќни литургии. Централното одбележување ќе биде во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Со ова завршува 40-дневниот пост, а ќе се прослави со богата семејна трпеза.
Предвечерјето на Христовото раѓање православните верници вчеравечер го дочекаа со бадникова вечера во семејството.Божиќ е вториот најголем празник во христијанството по Велигден.
Покрај тоа што празникот има единствено значење за сите христијани, католичките верници и дел од православните цркви кои го прославиоја христовото раѓање пред две недели. По повод големиот православен празник, честитки до верниците испрати државниот врв – претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието, Трајко Вељановски.




