Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Независна Комисија за инцидентите во Собранието

0
By Нова ТВ on January 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 27, 2013 12:15

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, донесе одлука да поведе иницијатива за формирање објективна непартиска експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието на Република Македонија, но и за настаните кои претходеа.

– Република Македонија се наоѓа во еден исклучително значаен период поврзан со реализацијата на поставените стратешки цели. Последниот заклучок на Европскиот совет, иако не ги исполни нашите очекувања, сепак претставува перспектива за следниот чекор во евроинтеграцијата, добивање датум за почеток на пристапните преговори. Настаните кои претходеа, но кулминираа на 24 декември 2012 година во и пред Собранието на Република Македонија, претставуваат предизвик на овој пат, на кој како држава мора да дадеме одговор, наведува претседателот Иванов во писмата упатени до Вељаноски, Груевски и Црвенковски..

Во него додава дека е потребно сите заедно да вложиме максимални напори да ја исправиме негативната слика која се создаде за Република Македонија. – Во таа насока, повикувајќи се на нашата последна средба со комесарот Штефан Филе, имајќи ги предвид државните и интересите на нашите граѓани, одлучив да иницирам формирање на објективна непартиска експертска комисија која ќе има мандат да ги утврди фактите за споменатите настани. Во овој момент не гледам не можам да видам друг начин за утврдување на фактите и објективно согледување на ситуацијата. Предизвиците кои ни се наметнаа како на држава и кои стојат на патот на напредокот мора да се надминат, за да не се остварат замисли за нашата иднина кои, никому, кој го посакува најдоброто за Република Македонија не му одат во прилог, наведува претседателот во писмата.

Според иницијативата, Комисијата ќе има пет членови, од кои еден експерт ќе биде предложен од претседателот на државата, еден од владејачкото мнозинство, двајца од опозицијата и еден странски експерт без право на глас кој би бил предложен од претседателот на Собранието. Претседателот на комисијата би бил предложен од шефот на државата, но избран со консензус. Комисијата ќе има единствено мандат да ги утврдува фактите за настаните од 24 декември 2012 година, но и настаните кои претходеа на тој ден.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

ВЕСТИ May 8, 2026

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на…

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.