НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборите, медиумите и името главни теми за Заев и Филе

0
By Светлана Јовановска on January 7, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Грчкото претседателство со ЕУ треба да се искористи и покрај тоа што Македонија не почна преговори со ЕУ и тоа преку контакти на повеќе нивоа кои треба да ги доближат двете земји за да не бидат наредните шест месеци загубено време.

Ова е иницијативата која денес во Брисел претседателот на СДСМ Зоран Заев му ја предложи на комесарот за проширување Штефан Филе со кој денес се запозна на прва официјална средба. Комесарот му рекол на Заев дека уште оваа недела ќе оди во посета на Атина и дека ќе ја презентира оваа иницијатива.

„Побаравме да се искористи грчкото претседателство за решавање на спорот и дадовме неколку идеи за тоа. Очекуваме дека сето тоа зависи од Република Македонија, опозицијата и власта и дека спорот ќе биде решен“, изјави Заев по средбата со комесарот.

Според Заев на средбата е разговарано за името но и за вантрешно-политичките реформи. „Се очекува јасен договор со власта за разграничување на партијата со власта, што е кажано и во извештајот на ЕК, но и за регулативите за изборното законодавство. Се надеваме дека веќе утре на работните групи за изборно законодавство таа препорака ќе биде имплементирана“, рече Заев.

Тој додаде исто така дека е разговарано и за слободата на медиуми. Тоа го потврди и комесарот Филе во соопштението издадено по средбата.

ЕК вели дека на средбата се разговарало за најитните реформи во Македонија, особено правната држава и слободата на медиумите како и изборното законодавство. Во тој контекст Филе го посочи значењето на фер услови за политички натпревар во Македонија.

Филе ја потврди европската перспектива на земјата и подвлече дека е потребно подобрување на политичкиот дискурс во земјата и важноста за национален консензус за заедничката цел која е ЕУ интеграцијата.

„Со примената на договорот од 1 март ЕК ќе биде спремна да го помогне реформскиот процес преку Високиот политички дијалог, доколку властите останат подготвени за примена на реформите и за понатамошно подобрување на добрососедските односи“, рече Филе по средбата со Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.