Published: Sunday, March 22, 2020 15:23
Прв смртен случај од коронавирус во државата. Се работи за жена на 57 години која била хоспитализирана во болницата во Куманово. На неа и биле земени два бриса и се покажале негативни, жената починала , по што лекарите се посомневале на Ковид 19. Земале брис по смртта и тој се покажал позитивен.
„Хоспитализиран е и нејзиниот син кој има 33 години и вчера дошло до влошување на состојбата, по што е префрлен на Инфективна клиника и состојбата сега е стабилна“, информира министерот за здравство Венко Филипче.




