НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По првиот смртен случај од Ковид 19, се воведуваат нови мерки за ризичните групи

0
By Менче Атанасова Точи on March 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По првиот смртен случај на жена од Куманово кај која болеста е откриена откако починала и по наглото зголемување на бројот на заболени, освен полицискиот час од 21 часот на вечер до 6 наутро, ќе се воведат нови мерки за ризичните групи-стари лица и хронични болни чие движење ќе биде ораничено во раните утрински часови

Прв смртен случај од коронавирус во државата. Почина жена на возраст од 57 години која била хоспитализирана во болницата во Куманово. На неа и биле земени два бриса и  тие се покажале негативни. Откако пациентка починала лекарите се посомневале на Ковид 19 и земале трет брис по смртта, кој се покажал позитивен.

Заболен е и нејзиниот 33 годишен син кој во тешка состојба бил префрлен на Инфективната клиника во Скопје. Првичните сознанија говорат дека жената патувала во Италија, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој вели дека токму тоа што првите два резултати биле негативни е типично за оваа болест.

„Земени се два теста и резултатите биле негативни, жената била третирана во изолација, хоспитализирана  во болницата во Куманово. По смртта е земен уште еден, трет брис кој е позитивен. Ова е нетипично за друга болест. Хоспитализиран е и нејзиниот син кој има 33 години и вчера дошло до влошување на состојбата, по што е префрлен на Инфективна клиника и состојбата сега е стабилна, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

И во Штип има нови случаи со Ковид 19, сите биле контактирани од епидемиолозите. Заболените се во врска со патување во странство и со сите е соодветно постапено. Просекот на возраст на заболените е 45 години, хоспитализирани се постарите, рече Филипче.

Во државата во последните 24 часа регистрирани се вкупно 29 нови случаи на коронавирус., со што бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114.

По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис.

Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа се уште е на респираторна машина. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите“, рече Филипче.

Од утре ќе започнат да функционираат 14 пунктови, ќе се тестираат по 120 луѓе со закажување и 50 со симптоми. После вчерашниот состанок со матичните лекари и тие се вклучени во системот и закажувањето ќе оди и преку нив.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени сите центри во државата, каде што ќе можат да се обратат граѓаните. Ќе работи и Кол центарот. Одлука за полициски час од  21 часот навечер од денеска се применува, но ќе има нови мерки за ризичните групи-старите лица и хроничните болни.

„Диктиравме како да се заштитат хроничните болни и да ги заштитиме граѓаните над 65 години. На нив треба да им биде ограничено движењето, треба да се движат по потреба во раните утрински часови. И за лицата кои го шират вирусот најмногу , тие  до 18 години ќе има мерки, кои треба да се почитуваат. Никогаш како досега не ни била потребна помошта на нас 23 000 здравствени работници толку,  како сега. Ако не ни помогнат граѓаните, ќе има уште поголемо зголемување на бројот , доколку се почитуваат мерките ќе постигнеме да ја се намали кривата на раст. Јас сум сигурен дека мерките ќе дадат резултат, но  да се почитуваат. Сите мерки се издржани и однапред осмислени“, рече Филипче.

Министерот Филипче нагласи дека за овие мерки граѓаните ќе бидат дополнително известени. Во однос на состојбата во болницата во Кавадарци каде што има заболена лекарка, тој рече дека одделот за невропсихијатрија каде што работела е ставен во карантин  и дека се преземаат мерки за заштита.

„Во Кавадарци нема пациенти кои се во ризик, се очекуваат сите резултати од земените тестови од таму, сите се во изолација, во карантин е одделот каде што работела лекарката. Контактирани се сите лекари и денес ќе ги знаеме точните резултати“, рече Филипче.

Филипче рече дека на Инфективна клиника нема ниту еден заболен од персоналот. На прашањето зошто се враќаат од операција пациенти со карцином , министерот рече дека сите онколошки случаи се третираат, се одложуваат само интервенциите кои можат да бидат одложени, а оперативниот програм се планира од самиот тим на лекари кои треба да внимаваат и на контактите меѓу себе.

За граѓаните кои се враќаат од странство и реагираат зошто со часови се држат на граница додека да бидат однесени во групен карантин каде што велат дека исто така со часови чекаат да добијат храна и вода , Филипче рече “лугето во карантин мора да се стрпат додека се  разработи системот.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот продавач на весници

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.